Предлог филм-книга: Прибежиште-Nikolas Sparks

Предлог книга/филм: Прибежиште (Safe Haven) – Nikolas Sparks

Љубителите на книгите ќе се сложат со фактот дека книгите се најчесто подобрата верзија на една приказна отколку филмовите. Низ редовите на книгата сами ја создаваме приказната, додека филмовите најчесто на готово ни ја продаваат. Меѓутоа, секој оној кој погледнал филм режисиран според книга на Николас Спаркс ќе се согласи дека разликата меѓу книгата и филмот е скоро невидлива.
Уште една книга во низата на овој неверојатен писател е Прибежиште. Приказна за Katie (Julianne Hough) – девојката која бара засолниште во едно малечко место на брегот, а притоа животот и нуди неверојатна шанса да го запознае човекот кој ќе и даде љубов и сигурност, нешта непознати за оваа девојка.
Алекс (Josh Duhamel), кого животот го казнил да остане без мајката на своите деца и жената на својот живот има можност да создаде повторно семејство за своите деца. Тој во Кејти не гледа туѓинец, ниту пак убиец, туку жена која се соочува со лошата судбина и својот немилосрден маж спремен дури и да убие невино мало дете.
Приказната не би била целосна без ликот на Џо(Cobie Smulders), прерано замината мајка на двете деца на Алекс, жената која своето семејство го остава нецелосно се додека Кејти не дојде во нивните животи.
Романот совршено прикажува сплет на поврзани животни приказни, во рамките на малото гратче кое претставува прибежиште, додека глумата на актерите одлично го доловуваат ефектот на трагични судбини споени во една романтична приказна.
Предлог книга/филм: Прибежиште (Safe Haven) – Nikolas Sparks

Љубителите на книгите ќе се

Пронајдете не на следниве мрежи: