Законот за јазици предизвика различни видувања кај коалициските партнери во Владата на СДСМ и ДУИ.
Во ДУИ процениле дека нема да можат да го издржат притисокот од БЕСА, но и од гласачите, по што лидерот Али Ахмети му посочил на Заев дека тој влегол во ризик со тоа што напуштил коалиција која носеше резултати, работни места, фабрики и дека тоа мора да го компензира.
Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села испрати ултиматум до Заев доколку не се донесе Законот за јазици во првите 100 дена тогаш ке ја напуштат Владата.
-Ако нема закон, еве ти ја кажувам вистината. Бидејки немаме 2/3 од гласовите, зборувам за мојата вистина на политичкиот субјект кој го претставувам. Ако нема закон кој ќе го искористи во максимум уставното право за употреба на јазикот, нема да ја има моја поддршка ниту владин состав. Каква поинаква вистина сакаш ? Со констатирање дека не се откажуваме од уставните измени, изјави Села.
Заев изнашол меѓу решение, а тоа елетово да биде објавен предлогот на закон за јазици, и најмалку 3 до 4 месеци да се задржи во Венецијанската комисија која треба да даде мислење и да го изанализира со што практично би се пролонгирал таков закон по локалните избори.
Заев тактизирал поради фактот што истиот може да му донесе негативни поени кај македонското гласачко тело, а вака доколку биде објавен законот пред изборите ќе ги задоволи апетите на албанските партии и инсистирањето на Ахемти, а по изборите ќе го донесе, односно ќе ги смали можностите за негативни реакции.
Купувањето на време преку Венецијанската комисија и носењето на спорниот закон за медиуми по изборите ќе даде простор и да отстапи од договореното спрема Албанците и да менаџира во согласност со мнозинската волја.
Покрај притисокот од албанските политички партии за донесување на законот за јазици, Заев се соочува и со низа ултиматуми за името и идендитетот од Грција и промена на историјата од Бугарија.Во ДУИ процениле дека нема да можат да го издржат притисокот од БЕСА, но и од гласачите, по што лидерот Али Ахмети му посочил на Заев дека тој влег