По завршувањето на одморот, враќањето на обврските и не е баш безболно. Најдобра „утеха“ се фотографиите со кои се чува дел од таа оаза.Меѓутоа, дечко и девојка се шокирале откако по гледањето на заедничките фотографии сфатиле дека се ограбени!
На фотографијата објавена на Редит се гледа насмеана млада жена, а покрај неа се две девојчиња во традиционална тајландска облека.
Ако подобро се загледате, можеби ќе забележите нешто сомнително.
Дечкото ја објавил фотографијата, а покрај неа напишал: „Мојата девојка додека ѝ го крадат часовникот.“
На прашањето дали порано ја забележале и пријавиле кражбата, тој одговорил:
-Дури подоцна забележавме. Оваа фотографија ја реши мистеријата.
Еден корисник објаснил како девојчињата го украле часовникот.
-Дали сте забележале дека крадецот ја допира раката на повеќе места? Тоа е техника со што жртвата се привикнува на допирот на крадецот и престанува да го регистрира тоа како допир.
И друг корисник се сложил со ова тврдење:
-Мојот пријател е илузионист, тој изведува трикови во кои исчезнуваат паричници или часовници. Еднаш ми откри дека тоа е неговата тајна. Врши притисок на некое друго место, така што жртвата не ги регистрира допирите на другите делови од телото.Меѓутоа, дечко и девојка се шокирале откако по гледањето на заедничките фотографии сфатиле дека се ограбени!
На фотографијата објавена на Р