Предраг Самарџиски во Мерсин

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Предраг Самарџиски потпиша за турски Мерсин.
Откако му завршија обврските кон српска Црвена Ѕвезда, македонскиот репрезентативец се одлучи да побара нов клуб кој го најде експресно брзо.
27-годишниот центар по шести пат во својата кариера добива нов клуб, нашиот интернационалец претходно настапуваше за Партизан, ФМП, Олин Едирне, Литвос Ритас и Црвена Ѕвезда, а веќе новиот предизвик за нашиот интернационалец ќе биде екипата на Мерсин од Турција.
Нашиот кошаркар по две години повторно се враќа во Турција каде ги имаше своите најголеми клубски успеси.Македонскиот кошаркарски репрезентативец Предраг Самарџиски потпиша за турски Мерсин.

Пронајдете не на следниве мрежи: