Предупредувачки знаци дека детето се претвора во психопат!

Природно е родителите да бидат загрижени за своето дете, па ви откриваме кога таа загриженост е навистина оправдана.Иако самата дефиниција варира, експертите се согласни дека нема деца психопати. Според психолошката здравствена категоризација, таква можност не постои.
„Кога зборуваме за помали деца, не го употребуваме изразот психопатологија“ – објаснува психијатарот д-р Џефри Боренстајн, претседател на Здружението за истражување на мозокот и однесувањето во Њујорк.
Наместо тоа, експертите зборуваат за нарушувањето поради кое детето константно ги занемарува правата на своите врсници, одредени норми на однесување (кои треба да ги усвои на таа возраст) и правилата.
„Детето кај кое е дијагностицирано нарушување во однесувањето, може да биде насилно кон другите луѓе, може да ги злоставува, плаши и да биде физички насилно. Може да користи некое оружје за да нанесе физичка болка на друга личност, да биде сурово кон луѓе и животни, краде, уништува имот и често да лаже. Тоа се неколку загрижувачки знаци за родителите“ – вели тој.
Ако родителите не обрнат внимание на овие знаци, децата со нарушување во однесувањето можат да се најдат во проблеми на училиште, да направат кривични дела и да тргнат во насока која ќе ги оддели од остатокот од општеството. На крајот, би можеле да ги загрозат животите на останатите.
Децата и адолесцентите коишто покажуваат бездушност, делуваат бесчувствително и немаат склоности кон другите, би можеле под голем ризик како возрасни да станат психопати, пишува „Јаху“.
Иако претходни истражувања покажале дека децата со нарушување имаат сменета хемија во мозокот, големо влијание врз нивната иднина има и ситуацијата во домот. Имено, релативно среќното детство и растењето во семејство полно со љубв и внимание, претставува процес кој може да го насочи детето со тенденции кон психопатија во друга насока.
Треба да се напомене дека децата со нарушено однесување, како и возрасните психопати, не одговараат добро на казнување. Но, се препорачува терапија со експерти. Важно е да не се етикетира детето тукутака, бидејќи нарушувањата во однесувањето можат да се лекуваат, но и надминат.
Најбитна работа во било која ситуација е да не се откажувате од детето.Иако самата дефиниција варира, експертите се согласни дека нема деца психопати. Според психолошката здравствена категоризација, таква можност не по

Пронајдете не на следниве мрежи: