четврток, 26 ноември 2026
Најново

Предупредување од УХМР: Попладне невреме, громотевици и град

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Управата за хидромотелеоролошки работи (УХМР) денеска соопшти дека во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме со интензивен дожд и појава на град. Се очекува процесите да бидат почести во источните и во западните планински делови.Подрачјето на Македонија се наоѓа под влијание на влажна и топла воздушна маса така што условите за нестабилност денеска попладне се особено поволни.
Претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Температурата ќе се движи од 28 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе достигне до 34 степени.
Од недела до вторник ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен, а во понеделник повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде во благо опаѓање.Подрачјето на Македонија се наоѓа под влијание на влажна и топла воздушна маса така што условите за нестабилност денеска попладне се особено поволн

Поврзани вести