петок, 13 ноември 2026
Најново

Предупредување за мажите: Избегнувајте го ова, доколку сакате да си ги сочувате сперматозоидите!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Стресниот живот кај посилниот пол директно може да влијае врз квалитетот на сперматозоидите и да го намали нивниот број, а со самото тоа и да ја намали шансата мажот да „направи бебе“.Мажите кои што се наоѓаат под огромен стрес потешко стануваат татковци, а неретко имаат и здравствени проблеми со неплодноста. Според резултатите од едно најново американско истражување, стресот влијае врз намалувањето на концентрацијата на сперматозоидите во ејакулатот, но и врз деформираноста и намаленото движење на малите пливачи.
„Кај припадниците на посилниот пол, токму квалитетот на спермата претставува клучен показател за плодноста“, објаснуваат научниците кои ги имаат проучувано спермограмите на мажите на возраст од 38 до 49 години, споредувајќи ги со непријатностите со кои тие секојдневно се соочуваат.
Оние кои за себе рекле дека се под голем стрес, по правило имале полоша раздвиженост и помал број на сперматозоиди. Иако стресот кој се поврзува со работното место немало преголемо влијание на истражувањето, научниците открија дека невработените мажи имаат најмалку шанси за зачнување поради намаленото ниво на тестостерон.
„Иако не ни е целосно јасен механизмот за негативното влијание на стресот врз квалитетот на спермата, за него отсекогаш се знае дека има преголемо влијание на здравјето, а очигледно и на плодноста“, заклучи авторката на истражувањето, Пем Фактор-Литвак.Мажите кои што се наоѓаат под огромен стрес потешко стануваат татковци, а неретко имаат и здравствени проблеми со неплодноста. Според резултатите о

Поврзани вести