Сезоната за сончање е пред нас. Многумина веќе се обидуваат да фатат добар тен, но со сончањето треба да се постапува многу внимателно…Статистиките покажуваат дека се поголем број на луѓе имаат проблем со кожата поради последици од сончање.
Нажалост се поголем е бројот на лошите заболувања кои можат да резултираат смрт. Стручњаците истакнуваат дека сето тоа е можно да се избегне само ако малку внимавате.
Мора да ја подготвите кожата за сончање
Пред излегувањето на сонце треба добро да се припремите. Тоа не значи одење во солариум туку добар пилинг и чистење. Припремата е важна за оттргнување на мртвите епителни клетки, ја зајакнува циркулацијата и постигнува регенерација на кожата. После пилингот кожата треба да се намачка со креми кои содржат витамин Ц,А и Е и коензим Q10. Таквите креми на кожата добро се хидритираат и ја зголемуваат еластичноста.
Никаде без крема за сончање
Не треба посебно да се напоменува дека кремите за сончање се најглавни. Најдобро е да ги користите оние со висок заштитен фактор, Меѓутоа тие не се свемоќни па затоа треба да ги нанесувате секој пат кога ќе излезете од вода и по правило на секои два часа, без оглед на тоа дали сте се бањале или не. Имено, со текот на времето активните состојки на кремата почнуваат да се распаѓаат па затоа е важно и почесто да се мачкате.
Треба да ги заштитите и очите
Многумина за време на сончањето не размислуваат за очите но важно е и нив да ги заштитите. Квалитетните наочари за сончање штитат од UV зрачењето. Би било добро и на главата да имате шешир кој ќе ве заштити од силното сонце. Неквалитетните наочари без UV заштита би можече скапо да ве чинат, а здравјето сепак треба да ви е на прво место.
Избегнувајте го сонцето од 11 до 16 часот
Најинтензивното штетно зрачење е од 11 до 16 часот. Затоа во тоа време треба да го избегнувате излегувањето на сонце. Колку и да се јаки заштитните креми во текот на тие неколку часа нема да успеат целосно да ве заштитат. Единствена заштита е во тоа време да го избегнете сончањето.
Задолжителна нега после сончањето
Грижата за кожата не се завршува со напуштањето на плажата. Доста важно е после сончањето и бањањето да се истуширате. После тоа кожата намачкајте ја со хидрататнта крема богата со витамини. На тој начин кожата ќе ја зачува влагата и еластичноста.
И исхраната игра голема улога
За да не дојде до дехидрација важно е да се пијат многу течности. Стручњаците кажуваат дека никако не треба да се пие помалку од 2 литри дневно. Најдобра е водата и повремено зелените сокови. Треба да се внимава и на исхраната. Нека биде лесна со многу овошје и зеленчук. Организамот треба да биде подготвен за предизвиците од сонцето и топлината. Статистиките покажуваат дека се поголем број на луѓе имаат проблем со кожата поради последици од сончање.
Нажалост се поголем е бројот на л



