Предвидувања на Никола Тесла кои се оствариле

Што и да предвидувал Телса, бил успешен во тоа.Не треба да ја уништите машината, туку треба да ја научите да работи. Се што денес работим, еден ден ќе биде работено од страна на роботите. Тие ќе го прават она што некогаш го работеле робовите, рече прочуениот научник.
Новинарите на Њујорк Тајмс и Тајм биле редовни гости на Никола Тесла во неговата хотелска соба во Њујорк. Тие разговарале за неговата младост, но и за неговите предвидувања за иднината, од кои некои се оствариле.
Создавање на агенција ЕПА
Тесла го предвидел отварањето на агенцијата ЕПА (Американска агенција за заштита на околината) која е основана 35 години после неговата смрт.
-Хигиената и физичката култура ќе бидат препознатлив дел од едукацијата. Секретарот на агенцијата за хигиена и физичка култура ќе биде поважен од претседателот на САД во 2035-та година. Загадувањата и снабдувањата со вода ќе бидат најголема тема за дискусии и решавање на владите ширум светот – велел Телса.
Едукација, војна и медиумска иднина
Тесла замисллувал свет во кој научните откритија ќе имаат поголем приоритет од војната. Зборувал дека најцивилизираните земји на светот трошат повеќе време на војна, отколку на образование, а исто така истакнал дека во 21-ви век тоа ќе се исправи и ситуацијата ќе биде на едно повисоко позитивно ниво.
-Борбата против неписменоста ќе биде поважна од добиената битка во војната. Откривањето на нови научни вистини ќе бидат поважни од препирките на дипломатите. Медиумите ќе известуваат за научните откритија како и за информативните вести – велел Тесла.

Здравје и Исхрана
Тесла не јадел месо и зборувал дека сите останати ќе сфатат зошто тоа е исправна исхрана. Зборувал дека и чајот и кафето нема повеќе да бидат популарни, но и дека алкохолот секогаш ќе биде занимлив. Ќе има доволно жито за да се прехранат милиони во Индија и Кина, а мртвата земја повторно ќе процвета со помош на хемија.
Роботи
Тесла со роботика започнал да се занимава далечните 1890-ти години, кога го креирал својот патентиран брод на далечинско управување.
-Не треба да ги уништиш машини, туку треба да ги научиш како да работат. Се што денес работиме сами, еден ден тоа наместо нас ќе го работат автомати. Тие ќе работат се, што некогаш го работеле робовите – објаснува.
Ефтина енергија и управување со природни ресурси
Никола Тесла верувал и дека сите ќе имаат вода, а дека енергијата (струја) ќе биде достапна во секое домаќинство и тоа по ниски цени.Не треба да ја уништите машината, туку треба да ја научите да работи. Се што денес работим, еден ден ќе биде работено од страна на роботите. Тие ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: