Предвремена Република Македонија

Ќе гласаме ли? Дали заокружувањето на ливчињата го претставува вистинскиот глас на народот?Дали Република Македонија е омразена и напаѓана од надворешни непријатели потпомогнати од внатрешни предавници, или живееме во време кога битката помеѓу доброто и злото бесрамно почнува да се манифестира во секој дел од животот на обичниот граѓанин? Егзистенцијалниот страв, зачинет со медиумската фама за странски служби, поголемите од надвор, теориите на заговор, вечната Македонија и нејзините непријатели, проклетството од Александар, веќе создаде доволен процеп во мирот и чистината на секојдневното битисување на Македонците, па повеќето не само што гласно говорат за ситуацијата во која што се наоѓаме, туку и се организираат на начини кои ги паметиме од времињата на нашите предци.
Пред децении и векови, сме немале држава, но вака или онака – генот преживеал. Последните научни потврди за хапло групите и генот кој го носи народот кој што живее на територијата на денешна Република Македонија се занемарени пред искривената реалност која што со сила ни се наметнува уште од минатиот век. Денес, се соочуваме со потреба да се адаптираме на побарувањата од модерните Европјани, за да бидеме примени во нивното друштво. Друштво кое веќе се распаѓа, за што потврдуваат и последните изјави директно од седиштето на модерниот Вавилон. Дали имаме национална стратегија за наредните 100 години, со јасно дефинирани етапни цели за краткорочните дејствија кои што би овозможиле да стигнеме до конечната цел – мирен и достоинствен живот на секој граѓанин? Што ќе ни се ѕвездите на Европската унија, кога нејзините множества веќе сакаат да ја напуштаат? Зошто заборавивме на Ѕвездата од Кутлеш? Покажавме ли дека сме научиле барем нешто од трпеливите, итри и работливи предци од пред неколку века? Или од светскиот потфат на македонската школа и нејзиниот аватар на земјата – Александар? Преку современите случувања, на колективно ниво веќе се опоганија и изгнасија делувањата на Тајната Организација. Тајно друштво кое се организирало на начини за кои што голем дел од денешните слободни граѓани на Република Македонија сметаат дека би биле соодветни за решавање на голем дел од вештачките проблеми кои денес ни оневозможуваат да си бидеме свои на своето.
Ни се чуе ли гласот, ќе се покажеме ли како вистински родољуби, или и последната генерација која што се сеќава на претходниот поредок ќе исчезне во заборавот, бетер од Атлантида. Како Пеонците, Богомилите, Учителите, па ќе треба да минат векови за некои нови деца да видат што се случувало денес и да дадат завет дека никогаш повеќе нема да се дозволи деструкција на она што ни е дадено како природно право – мирен и достоинствен живот. Ако дојде ред до тоа…оти генот секако памети.
Свести се, не спиј ти. Наметнувањето на вредности кои што се различни од она што го носиме како генетски код може да донесе само деструкција и непријатности во зачувувањето на Македонија. Обединета Македонија може да се случи само и само ако граѓаните во сите етнички делови живеат според стандарди кои што би покажале на оние поголемите дека се правилни, природни, и во склоп со она што го носиме како културно наследство. Покажувањето на знаци со рацете, тешко дека ќе ја обедини Македонија. Секој симбол си има повеќе значења…
Извор: ЛозаДали Република Македонија е омразена и напаѓана од надворешни непријатели потпомогнати од внатрешни предавници, или живееме во време кога битката п

Пронајдете не на следниве мрежи: