Уште една трагедија го потресе синоќа Скопје, откако претходно веста дека почина 24 годишна девојка во сообраќајка, го зави градот во црно. Овој пат почина пешак од Ражаничино.Во сообраќајната несреќа која се случила во 17 часот и 10 минути на улицата „1“ во село Ржаничино, во непосредна близина на куќа број 22, учествувале патничко моторно возило „застава 101“ со велешки регистарски таблички управувано од граѓанин на Велес и пешак, жител на селото, кој за жал починал на лице место.
Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно 18 сообраќајни несреќи. Во пет незгоди со полесни телесни повреди се здобиле шест лица, а 12 незгоди се со причинета материјална штета.
Како што информираа за МИА од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.
Санкционирани се 12 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, 12 возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, 17 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и 11 возачи кои не се придржувале према ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци.
Затекнати се и 50 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот на вчерашниот ден отстранети се 61 возило кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Гоце Делчев“ со учениците од четврто одделение, кое се наоѓа на подрачјето на општина Центар.
Со почеток во 18:00 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на АБА лигата ќе се одигра меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу КК МЗТ – Аеродром и КК ФМП Железник, Србија. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување. Во сообраќајната несреќа која се случила во 17 часот и 10 минути на улицата „1“ во село Ржаничино, во непосредна близина на куќа број 2