Страшна сообраќајна несреќа ја потресе Македонија. Синоќа во 19 часот и 40 минути на регионалниот пат Тетово-Волковија, се случила сообраќајна незгода во која возило марка „Голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот Б.М. од селото Чегране, удрило во пешак.Според податоците на полциијата, се работи за 22-годишниот Д.Б. од селото Брвеница, кој се здобил со телесни повреди и со друго возило бил пренесен во Клинички центар Тетово, каде по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување. По незгодата возачот со возилото запрел со цел укажување на помош на повредениот пешак. Сепак, како што раскажал возачот, од страна на пешакот бил физички нападнат, а почнале да се собираат и поголем број лица кои сакале да го нападнат, и поради безбедносни причини заминал со возилото и настанот го пријавил во Полицијата во Жеровјане.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата.Според податоците на полциијата, се работи за 22-годишниот Д.Б. од селото Брвеница, кој се здобил со телесни повреди и со друго возило бил пренесен