Американскиот амбасадор во Скопје Џес Бејли по завршувањето на средбата изјави дека не е постигнат договор меѓу партиите, но изрази надеж дека тоа може да се случи наскоро. Најави дека разговорите ќе продолжат.– Не можам да потврдам дека имаме договор. Она што можам да го кажам е дека на маса има нова интересна идеја. Како што кажав и во петокот овој договор е многу важен за земјата, важен е за Европската унија и САД. Партиите ќе ја разгледаат можноста и ќе продолжиме утре, рече доцна синоќа Бејли.
Претставниците на политичките партии кои учествуваат на преговорите, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шеќеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА, не дадоа изјава за медиумите.
Поради отсуството од земјата на амбасадорот на ЕУ Аиво Орав, кој е на консултации во Брисел, средбата на преставниците на политичките партии вчера се одржуваше во резиденцијата на американскиот амбасадор во Скопје.– Не можам да потврдам дека имаме договор. Она што можам да го кажам е дека