Претставници на четирите политички партии денеска ќе седнат на заедничка маса под медијаторство на амбасадорите на САД и ЕУ. Средбата се очекува да започне пред пладне. Извори од преговарачкиот процес велат дека вчера главно се зборувало за прочистувањето на избирачкиот список, а кусо била продискутирана и темата околу медиумите.СДСМ вчера тврделе дека најголем број спорни гласачи има во 6та изборна единица. Ваквиот настап наишол на реакција од албанските партии кои посочиле дека ВМРО-ДПМНЕ таму освоило само два пратеника. Според извори во албанските партии со овие тези на СДСМ се покажува дека немало кражба на гласови од ВМРО-ДПМНЕ, туку дека целта е провокација на Албанците.
На прашањето како течат преговорите, од ВМРО-ДПМНЕ за Пресс 24 изјавиле:
-Се преговара за излез од кризата, колку и да се противи СДСМ и да измислува милион причини и пречки за нејзиното пролонгирање. На крај во процесот најважно е СДСМ да биде изведен на чистина дека мора да се соочи граѓаните на избори и дека простор за бегање веќе нема. Веќе нема ниту простор за манипулации кои според се што видовме до сега имаа единствена цел влегување во Влада без легитимитет од граѓаните. Целта е на крај на процесот СДСМ да признае дека избирачкиот список е прочистен и да даде гаранција дека се створени услови за одржување на избори. Тоа ќе се случи порано или подоцна. Просторот за манипулации е се потесен. Знаат и од таму дека резираните протести пропаѓаат и не го даваат ефектот и мора да се најде решение, велат од партијата.СДСМ вчера тврделе дека најголем број спорни гласачи има во 6та изборна единица. Ваквиот настап наишол на реакција од албанските партии кои посочил