Прекин на погубувањето: Затвореник по смртоносната инјекција ја спуштил главата и почнал неповрзано да зборува!

Американската сојузна држава Оклахома, минатата година го запре погубувањето на Клејтон Локет поради проблем со смртоносната инјекција, но осуденикот подоцна починал од срцев удар 40 минути откако хемикалиите почнале да влијаат на неговиот организам.Тринаесетина минути откако му била вбризгана смртоносната инјекција, осуденик ја спуштил главата и почнал да зборува неповрзано. Лекарот кој вршел надзор на погубувањето морал да го запре процесот.
Ова е вовед во само една од приказните кои ги отсликуваат проблемите со кои се соочуваат затворите во кои се спроведува смртната казна.
Наводно, институциите ги криеле идентитетите на осудениците кај кои дошло до компликации за време на извршувањето на смртната казна, а нивните адвокати тврдат дека проблемите успешно се заташкувале сѐ додека во јавноста не се појавиле информации за проблемите.
-Одделите коишто почнаа да се занимаваат со истраги за ваквите случаи, почнаа да сфаќаат дека колку повеќе копаат, толку повеќе имаат увид колку всушност ништо не знаат, изјави американскиот професор за право Дебор Дено, кој со години ја проучувал смртната казна.
Оклахома и другите американски сојузни држави, настојуваат да дојдат до нови хемиски комбинации, откако производителите на лекови вовеле забрана за продажба на медикаменти кои би се искористиле во смртоносната инјекција.
Адвокатите на осудениците на смрт тврдат дека хемикалиите коишто се користат во Оклахома и во останатите држави, може да предизвикаат непотребна болна смрт, што означува сурова и необична казна која е забранета според американскиот устав.Тринаесетина минути откако му била вбризгана смртоносната инјекција, осуденик ја спуштил главата и почнал да зборува неповрзано. Лекарот кој вршел

Пронајдете не на следниве мрежи: