Цените на нафтата се консолидираа во понеделникот на меѓународните берзи по неколкудневниот успон кој беше поттикнат од знаците за подобрување на економските активности во САД и Кина и напнатоста на Блискиот исток.
На лондонската берза цената на барел сирова нафта падна за 80 центи, на 115,96 долари, откако во петокот во текот на денот достигна 117,07 долари, што е највисоко ниво во изминатите неколку недели. На американската берза барелот поевтини за 90 центи, на 96,87 долари.„Берзите веројатно ќе здивнат и ќе ја минат фазата на консолидација“, констатира Амрита Сен, главна аналитичарка на нафтените пазари во лондонската советодавна компанија Energy Aspects, прогнозирајќи сепак дека ќе продолжи нагорниот тренд.Кон крајот на минатата недела нафтените берзи добија ветер во грб со позитивните податоци од американскиот пазар на труд и од потврдата за благо закрепнување во Кина, што ги отстрани стравувањата за побарувачката во двата најголеми потрошувачи на нафта.Цените на нафтата добија поддршка и до загриженост за снабдувањето поради зголемената напнатост на Блискиот исток, вклучително и терористичкиот напад на бомбаш самоубиец во ирачкиот град Киркурк во кој настрадаа 33 лица, како и неизвесноста околу преговорите на Техеран и западните држави за контроверзната на нуклеарната програма.
МакфаксЦените на нафтата се консолидираа во понеделникот на меѓународните берзи по неколкудневниот успон кој беше поттикнат од знаците за подобрувањ