Лицемерството, несериозноста и нестабилноста на опозицијата во Република Македонија кон македонските граѓани се огромни. Веќе неколку години наназад во недостиг на идеи, креативност, програма, капацитет, како и квалитетни кадри, опозицијата својата политика ја темели единствено на некаква си измислена и фиктивна борба за демократија и слобода. Прикриваат своја неспособност со фиксација во термини и поими кои граѓаните не ги препознаваат како суштина на политичка борба во држава како нашата, токму во време во кое живееме. Да говорите дека нема демократија и слобода, а слободно да ги извршувате сите недела преку организирано политичко малтретирање и насилство и слободно да говорите против кого сакате и кога сакате (најчесто и без докази и аргументи) навистина се вика лицемерство.Да е уште поголемо лицемерство, да е огромно, на нашата македонска опозиција кон граѓаните е фактот што токму оние кои што себеси се претставуваат како борци за демократија и слобода, ги попречуваат граѓаните на Република Македонија во остварување на едно од основните и најзначајните човекови права, кое е загарантирано и втемелено во нашиот Устав, како и во многу други меѓународни договори и конвенции, а тоа е правото на глас. Правото граѓаните преку демократски избори да одлучат на кого ќе му ја дадат довербата да ја води државата во наредните години и да одлучат како и во кој правец ќе биде управувана земјата е основно политичко право без кое не постои демократијата. Нашата опозиција зборува за демократија, а во сопствената држава не дозволува да одлучуваат граѓаните. Посреќни се кога за оваа држава одлучуваат странци, дипломати, притисок, уцени, зелени маси, лидерски средби, преговори помеѓу партиите и с` што не претставува директен и непосреден облик на демократија. Се плашат од гласање и се плашат од народ.
Петти јуни ќе биде запишан во македонската историја како датум кога македонската опозиција избега да се соочи со македонските граѓани преку избори. Избегаа и се скрија во одаите каде не одлучува македонскиот народ. Побараа заштита од сите за да се заштитат од сопствениот народ.
Одлагањето на изборите за некои политичари значеше продолжување на политичката кариера и пролонгирање на кризата, а тоа очигледно беше и целта на опозицијата, бидејќи единствен начин како тие себе си се снаоѓаат во политиката е само преку креирање и одржување на долгорочни кризи. Тие не може да се борат преку идеи, проекти и конструктивна дебата. Не се снаоѓаат, никогаш не победиле на избори и никогаш не ја добиле на фер начин довербата од граѓаните. Знаат дека треба да создадат хаос за да се доберат до власта.
Секаде во светот опозицијата е таа што бара избори преку кои би можела да дојде на власт, единствено во Македонија имаме пример каде опозицијата бега од избори и соочување со граѓаните, нешто што не е замисливо во ниту една држава во светот. Сите претставници на маѓународната заедница се зачудени од ваквата состојба и кон нашата опозиција гледаат со нескриена жал и чудење.
Македонската опозицијата е единствена во многу работи. Наместо да се срамат од тоа што избегаа од избори, деновиве гледаме како се гордеат со тоа што не се одржаа предвремените договорени парламентарни избори. Неодржувањето на избори го претставуваат како еден голем успех за нив и се радуваат исто како да победиле на избори.
Доколку во Македонија навистина немаше слобода, демократија и имаше огромно незадоволство кај граѓаните, онака како што тврди македонската опозиција и медиумите кои се под нејзина капа, протестите ќе беа масовни и ќе протестираше целиот народот, а не 2.000, 3.000 „спонтано“ собрани активисти на опозицијата и платеници чија што професија е да протестираат, уништуваат, кршат и да креираат хаос и страв. За пари од Сорос секако. Овие луѓе не протестираат ниту за слобода, ниту за демократија овие луѓе протестираат за да дојдат на власт и да заработат дневници. Ги има на многу места во Европа и светото. Не се ниту први ниту креативни.
На опозицијата и СДСМ треба да им биде јасно дека нема да може да го заобиколат народот, народот е оној што единствено има право да одлучи кој ќе ја води државата и никој друг. Не ќе може да бегаат цело време од избори, може да избегаат еднаш, двапати, трипати, но кога тогаш ќе мора да се соочат со граѓаните. Kолку повеќе одложуваат, толку поголема казна ќе добијат.
За нашата опозиција слобода и демократија во Македонија ќе има само кога тие би дошле на власт макар тоа било и на недемократски начин, како што и се обидуваат преку создавање на вештачки кризи и преку најразлични надворешни фактори. Тоа нема да им успее, колку и да се надеваат дека некој друг ќе им ја заврши работата. Избори ќе дојдат и казната ќе стигне.Да е уште поголемо лицемерство, да е огромно, на нашата македонска опозиција кон граѓаните е фактот што токму оние кои што себеси се претставуваат