Преку хороскоп дознајте која жена е неверна!

Дознајте кои хороскопски знаци се склони кон изневерување…Овен 
Тие се обидуваат да се воздржат од неверство, но колку и да се трудат, на крајот сепак попуштаат под притисок. Тие вршат неверство во оној момент кога во врската ќе завладее монотонијата, но исто така лесно се откриваат. Овните се нескротливи, и како такви треба да ги прифатите.
Бик 
Биковите кои сакаат секс, стануваат зависни од него. Или се страсни или се целосно незаинтересирани. Поголемиот број од нив изневеруваат кога целосно ќе созреат. Сепак, во споредба со другите, Биковите се најверни и со нив сте најсигурни.
Близнаци 
Скоро никој не е способен успешно да изврши неверство како Близнаците. Тие внимаваат на секој детал и секој чекор, на секој момент, за да не ги откријат. Лесно се впуштаат во неверство, а најчесто во тој нивни чин ги вплеткуваат и своите пријатели кои ги прикриваат. Ретко кој успева да ги издвои емоциите и страста како Близнаците.
Рак
Луѓето родени во овој знак, едноставно обожаваат пари. Па така, се додека имате пари, можете да бидете сигурни во верноста на партнерот. Тие се грижат само за нив, а единствено што сакаат повеќе од себе се децата.
Лав
Огнениот знак Лав поседува силна сексуалност. Врската или бракот нема да ги смири, без разлика на партнерот или љубовта која владее. Нив едноставно ги привлекува помислата на опасноста од неверство. Тие не можат да го контролираат адреналинот, па едноставно се препуштаат на страста.
Девица
Верноста им е поважна од се, но доколку се незадоволни од врската, може да извршат неверство. Сепак, лесно можат да се откријат, бидејќи постојано ќе го критикуваат партнерот. Тие не остануваат само на едно неверство и на еден партнер.

 
Вага
Вагите го обожаваат флертот и постојано флертуваат. Се забележува дека изневеруваат кога драстично ќе започнат да го менуваат мислењето и вниманието околу својот изглед. Неверството нема да го признаат.
Шкорпија
Шкорпиите се обидуваат да се контролираат, но кога на другата страна стои силна и убава личност, сета нивна сила паѓа во вода. Тие не го поднесуваат неверството, па поради тоа тешко се носат и со своето и имаат грижа на совест.
Стрелец
За нив сексуалноста е како рекреација. Во ништо не постојат ограничувања и граници, па ако некој им ги наметне, таа личност станува минато. Сакаат се што е забрането, а кога љубовта ќе ја снема, не се трудат многу да ја вратат.
Јарец
Не се сkлони кон авантури и неверства, туку на големо заговараат верност. Сепак, во случај на алкохол, може да дојде до изневерување на партнерот.
Водолија
Никако не смеете да дозволите во нивниот живот да навлезе монотонијата. Сакаат да се забавуваат, имаат слободен дух и секој околу себе го сметаат за пријател. Авантурата е составен дел од животот, а доколку Водолијата покрај вас е мирна и тивка, тоа значи дека повеќе не сте интересни и за брзо време ќе тргне во авантура.
Риби
Тие сакаат да изневеруваат во тајност. Се претставуваат како невини и чисти, но длабоко во себе се неверни. Ни самите не знаат што им треба и што сакаат.Овен 
Тие се обидуваат да се воздржат од неверство, но колку и да се трудат, на крајот сепак попуштаат под притисок.

Пронајдете не на следниве мрежи: