Од почетокот на јули до сега преку вториот циклус на „Македонија вработува 2“ се реализираа 335 вработувања кои се остварени во речиси сите општини во државата а се очекуваа оваа бројка дополнително да расте во следниот период по завршување на летните одмори.Од Владата истакнуваат дека од стартувањето на проектот Македонија вработува 2 досега, се повеќе се зголемува интересот на компаниите и дека се очекува дополнително зголемување на бројот на вработени лица.
-Проектот „Македонија вработува 2“ секојдневно добива на интензитет, добива во квалитет. Досега над 250 компании имаат побарано вработување на над 350 лица од кои веќе контректно се реализирани 335 вработувања на лица од различна образовна категорија, различни по возраст на цела територија на Република Македонија. Во просек произлегува дека врз основа на придобивките од овој проект се реализираат по десетина вработувања на дневна основа, што претставува еден одличен момент за охрабрување и на останатите деловни субјекти да ги искористат поволности кои им се на располагање, да обезбедат вработување на дополнителни работници во нивните претпријатија. Истовремено ќе ја прошират и својата дејност, да обезбедат поголема профитабилност и услови за подобро функционирање, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Од овие досега реализирани 335 вработувања, 210 вработувања се однесуваат на лица до 35 годишна возраст, 56 од 35 до 50 годишна возраст, над 50 години се вработени 42 лица а над 58 годишна возраст се вработени 22 лица.
Широкиот опфат на различни профили на граѓани во овие реализирани вработувања како според возраста на ново вработените лица е забележителен и според образовната структура. Имено, 195 ново вработени се со средно образование, 89 со основно, 42 со високо, 7 магистри и доктори на науки и 2 лица се со вишо образование.
Најголем дел од вработените лица или околу 60 се вработени во Скопје, по 30ина во Тетово и Струмица, над 20 во Прилеп, Струга и Куманово.
Од Владата информираат дека најголемиот дел на вработувања се остварени во компании до 10 вработени лица но се поголем е бројот и на поголемите компании кои покажуваат интерес за реализирање на вработувања преку Македонија вработува.
Проектот “Македонија вработува” беше инициран со цел намалување на невработеноста преку отворање на нови работни места со опфат на различни категории на невработени лица кои потешко стапуваат на пазарот на трудот. Пакетот на мерки кои овозможува поволности за компаниите како ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за секој нов вработен во рамки на проектот допринесе 10140 компании да вработат 19000 лица за само една година.
Вториот циклус на овој владин проект ќе се применува една година.Од Владата истакнуваат дека од стартувањето на проектот Македонија вработува 2 досега, се повеќе се зголемува интересот на компаниите и дека се оче