Зоран Заев се исплаши и бара да се скрати времето за проверка на сомнителните биографии на неговите министри. Преку шверцерски обид да избега од дискусија, Заев сака новата влада да биде изгласана експресно.Од кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери соопштија дека е поднесен предлогот за состав на Владата и програмата на Владата на РМ. Во соопштението од кабинетот на Џафери се вели:
-Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, Предлогот за состав на Владата на Република Македонија и Програмата на Владата на Република Македонија веднаш ги достави до пратениците, а седницата за избор на Владата ја свика за вторник 30.05.2017 (вторник) година, во 11:00 часот, за избор на владата на Репулика Македонија.
Според познавачите на состојбите, со ваквата намера и брзање Заев повторно ја скратува можноста за квалитетна дебата и дискусија на пратениците во Собранието, оневозможувајќи добра подготовка на пратениците за материјата на дискусија, што е нивно основно право и должност.
Разбирање за потребата од квалитетна дискусија во парламентот имале скоро сите досегашни мандатари и парламентарни состави, а тоа го покажува и фактот кога биле закажувани седниците.
Досегашната практика за избор на нова влада покажува дека временската разлика од доставување предлог и програма и состав на влада до закажување на седница бил над десет дена.
Во 2014 година мандатарот Никола Груевски предлогот до Собранието го достави на 8.6.2014 година, додека седницата беше закажана дури 12 дена подоцна, односно на 19.6.2014 година. Истото се случи и во 2011 година предлогот до Собранието го достави на 15.7.2011 година, а седницата беше закажана 13 дена подоцна, на 27.7.2011 година.
Во 2008 година, кога предлогот беше доставен на 12 јули, додека седницата беше одржана на 26 јули. Во 2006 година кога ВМРО-ДПМНЕ го менува од власт СДСМ, а со седницата претседавал дотогашниот претседател на Собранието од СДСМ, Љупчо Јордановски, предлогот за избор на влада до Собранието беше доставен на 14 август, а седницата на 26 август, цели 12 дена подоцна.
Бранко Црвенковски во 2002 година предлогот за избор го доставува на 20.10.2002 година, додека седницата беше закажана 12 дена подоцна на 31.10.2002 година. Љубчо Георгиевски во 1998 година предлозите ги има доставено на 27.11.1998 година, а седницата била закажана на 30.11.1998 година.
Црвенковски како мандатар и во 1994 година предлогот до Собранието го доставува на 15 декември, додека седницата била закажана на 20 декември, односно 6 дена подоцна. Првата влада на Република Македонија во 1991 година на Никола Кљусев била доставена до Собранието на 17 октомври, а седницата за избор на истата е закажана 4 дена подоцна, на 20 октомври.
Временската разлика од поднесување на предлогот за гласање и дискусија на влада и владина програма до Собранието до закажувањето на седницата е поголема токму со цел пратениците да можат добро да се подготват за материјата на дискусија за да имаат исцрпна дебата за една од најклучните седници на секој парламентарен состав – избор и гласање влада и владина програма.
Од кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери соопштија дека е поднесен предлогот за состав на Владата и програмата на Владата на РМ. Во