Преку трогателна порака се прости од саканиот со кого требаше да се венча на СП во Бразил

За жал само неколку часа траела огромната радост кај Дениса Сиочиќ, и тоа поради историскиот пласман на фудбалската репрезентација на БиХ на Светското првенство (СП) во Бразил, но и поради договорот со нејзиниот свршеник, Хасиб Махмиќ-Бибо, да стапат во брак токму за време на Мундијалот на некоја од плажите во далечната јужноамериканска држава.Крајот на завчерашниот ден ја донесе најголемата радост кај младата Босанка, додека почетокот на вчерашното деноноќие најголемата тага бидејќи набргу по големиот триумф на фудбалерите на БиХ во Каунас против Литванија до неа дојде вест за трагичната смрт на нејзиниот сакан во сообраќајна несреќа во Полска.Заедно со Махмиќ, кој бил водач на навивачката група „Љути Крајишници“, во раните утрински часови загинаа уште двајца негови пријатели, а четвртиот што бил во автомобилот е тешко повредени.
Социјалните мрежи се исполнети со пораки на жалост и сочувство кон семејствата на големите навивачи на „змаевите“, а убедливо најголемо внимание предизвика пораката на Дениса до својот Бибо во која му се колне на вечна љубов.

 
„Толку многу имав уште да ти кажам и уште толку многу работи сакав да проживеам со тебе заедно, Бибо, љубов моја“. Нема зборови со кои би можела да се опише мојата болка, прерано ме остави сама. Ти се заколнав на вечна љубов и така ќе остане до крајот на мојот живот“, напишала Дениса.
Босанските медиуми пишуваат дека токму репрезентацијата на БиХ ги споила Махмиќ и Сиочиќ зашто се запознале на пријателски меч на „змаевите“ против САД во август годинава.Крајот на завчерашниот ден ја донесе најголемата радост кај младата Босанка, додека почетокот на вчерашното деноноќие најголемата тага бидејќи набр

Пронајдете не на следниве мрежи: