Без разлика дали се потите во теретана или само затоа што пешачите, тоа значи дека на своето тело му давате здравствено засилување.Во продолжение, погледнете ги 7-те причини поради кои експертите сметаат дека потењето е одлично за вашето ментално, физичко и емоционално здравје.
Ја олеснува болката
“Преку вежбањето се лачи пот, која ги стимулира неврохемиските патишта во мозокот, што резултира со производство на ендорфин кој делува како природен лек против болки”, вели Џејмс Тинг, доктор по спортска медицина во Калифорнија.
Го детоксифицира телото
Некои експерти веруваат дека потењето може да го исчисти телото од работи како алкохол, холестерол и сол. Затоа, одберете физичка активност со која најмногу ќе се испотите.
Ги чисти порите
“Кога се потите, вашите пори се отвораат и ја исфрлаат целата нечистотија која се наталожила во нив”, тврди дерматологот Витни Боу. Сета нечистотија од порите се таложи на површината на кожата, затоа чистете го лицето три пати дневно, посебно доколку постојано се движите или работите.
Ги контролира промените на расположението
Сигурно чувствувате олеснување и топлина по напорниот тренинг и за тоа постои научно објаснување. Имено, истражувањата покажале дека неуралните кругови кои се чувствителни на температура во одредени делови од мозокот можат да имаат значајна улога во контролата на расположението.
Го намалува ризикот од бубрежни каменчиња
Истражувањето, спроведено на универзитетот во Вашингтон открива дека потењето ги исфрла штетните материи од телото. Лицата кои често се потат имаат тенденција да пијат повеќе вода и течности, што е одличен механизам за спречување на бубрежните каменчиња.
Спречува појава на настинки и инфекции
Една германска студија укажува на тоа дека човечката пот содржи природен антимикробен пептид наречен дермцидин, за кој е докажано дека се “бори” против бројните патогени бактерии.
Ја регулира телесната температура
Потењето го спречува прегревањето на телото во текот на интензивниот тренинг. Но, што би се случило доколку не се потиме?
“Во екстремни случаи, недостатокот на пот во текот на тренингот би можело да биде последица на состојба која се нарекува анхидроза, која може да доведе до вртоглавица, кожен осип или губење на свест во текот на вежбањето”, вели д-р Боу.Во продолжение, погледнете ги 7-те причини поради кои експертите сметаат дека потењето е одлично за вашето ментално, физичко и емоционално здравје.