ПРЕКУМЕРНО СЕ ПОТИТЕ? Еве што сака да ви каже вашето тело преку овие знаци

За време на летото сите зголемено се потиме. Но, ако почувствувате дека тоа е зголемено без оглед на годишното време, знајте дека телото се обидува нешто да ви каже.Под стрес сте
По миризбата на потта лесно можете да препознаете дали сте под стрес. Кога ни е топло, во нашето тело се активираат екрините жлезди кои се наоѓаат насекаде по нашето тело и произведуваат пот која главно се состои од вода и соли и нема изразена мирис.
Кога сме под стрес, потта ја произведуваат апокрините (големи) потни жлезди, кои се наоѓаат само на одредени делови на телото, како на пример под пазувите. Таа пот се состои од масти и протеини, кои се мешаат со бактериите на нашата кожа и на тој начин создаваат непријатна миризба.
Ширите позитива или страв
Истражувањата покажале дека луѓето во вашата близина може да препознаат што чувствувате според миризбата на вашата пот. Во еден експеримент, 36 жени биле задолжени да помирисаат примероци со пот на 12 мажи кои претходно гледале филмови кои имале за цел да ги направат среќни или да ги преплашат.
Кога жените ја помирисале потта на преплашените мажи, миризбата им предизвикала слична реакција на страв и гадење, а кога ја помирисале потта на среќните мажи, таа миризба во нив предизвикала блага реакција и насмевка.
Ви се заканува опасност од топлотен удар
Се шетате на врел летен ден и наеднаш во еден момент чувствувате дека повеќе не се потите и почнува да ви се врти. Тоа што сте го доживеале се нарекува анхидроза, состојба во која не можете нормално да се потите и за време на која вашето тело не може да се „излади“ преку потење.
Доколку во тој момент не го хидратизирате веднаш вашето тело со вода, ви се заканува опасност од топлотен удар. Засолнете се под сенка или во благо климатизирана просторија и напијте се вода. Никако немојте да пиете алкохолен пијалак или напиток со кофеин бидејќи истите предизвикуваат дехидрација.

 
Ви паднал шеќерот во крвта
Зголеменото потење е еден од симптомите на нагло опаѓање на шеќерот во крвта. Овој проблем лесно можете да го решите со консумација на чоколада, мармалад или каков било вид слатки кои ќе ви се најдат при рака.
Бремени сте или влегувате во менопауза
Доколку постои можност да сте бремени или пред менопауза, тогаш обрнете внимание на потењето. Сите процеси во телото кои влијаат на ендокриниот систем може да предизвикаат зголемено потење. Токму тоа се случува кај повеќето жени кои влегуваат во менопауза и се борат со бранови на топлина кои ги облеваат.
Слична работа се случува и на почетокот на бременоста, кога хормоналните промени предизвикуваат промена во „термостатот“ на мозокот поради кои можете да чувствувате топлина дури и во силно климатизирани простории, и интензивно да се потите.
Имате хиперхидроза
Доколку не можете да најдете причина за вашето прекумерно потење, закажете преглед кај лекарот бидејќи постои можност да имате хиперхидроза. Тоа е состојба на прекумерно и неконтролирано потење, кое ја преминува потребната и нормална терморегулација на телото. Луѓето кои имаат хиперхидроза се потат во моменти кога не би требало, на пример, кога седат потполно мирни во ладна просторија. Нивното потење е зголемено до таа мера што и во такви моменти им се цеди пот од дланките.Под стрес сте
По миризбата на потта лесно можете да препознаете дали сте под стрес. Кога ни е топло, во нашето тело се акт

Пронајдете не на следниве мрежи: