На 12 ноември во 20:00 часот, во Кинотеката на Македонија се одржа премиерата на краткометражниот игран филм „Отров“, којшто е дел од обуката за филм и филмски актер, во организација и продукција на школата за уметност, „Џолев и уметностите“.
Од програмата „Обука за филм и филмски актер“, во изминатите години произлегоа два кратки играни филмови: „Аларм“ во режија на Теа Беговска, и „Поздрав од Скопје“, во режија на Ана Јакимска, додека „Отров“ е прв краток игран филм под менторство на режисерот и сценарист Дејан Џолев.
Премиерата ја најави Бобан Петковски, еден од актерите во филмот, кој преку кратка изведба ја пренесе главната порака за промена на образовниот систем.
– „Таму каде што повторувањето е маќеа на знаењето. Таму каде што знаењето имитира постоење. Таму каде што постоењето е само физички доволно. Ова е филм за моето и твоето школо“ – вели Дејан Џолев, автор на филмот.
Покрај премиерата на филмот „Отров“, публиката имаше можност да погледне и неколку кратки филмски етиди од часовите по „Актерска игра пред камера“ и „Континуитет, реквизит и игра за партнер“, кои актерите ги реализираа во текот на обуката во школата за уметност „Џолев и уметностите“.
Улогите ги играат: Кристина Тасева, Моника Саболиќ, Филип Митевски, Ивана Кузмановска, Сара Алексова, Стефан Димитровски, Андреј Перчинковски, Елена Рушковска, Душко Двојаковски, Бобан Петковски, Ивана Мирчевска, Методи Глигоров, како и македонскиот филмски работник проф. Стефан Сидовски – Сидо и македонската актерска „икона“ Милица Стојановa.
ОТРОВ (official trailer)
Од програмата „Обука за филм и филмски актер“, во изминатите години произлегоа два кратки играни филмови: &bdq