Филмот кој е годинашниот освојувач на наградата „Златен Глобус“ и е главен фаворит за освојување на наградата „Оскар“ во неколку категории вечер ќе го има премиерното прикажување во кино Милениум.ПОВРАТНИК (THE REVENANT), на одличниот Alejandro González Iñárritu, со фантастична актерска екипа предводена од несомнено актерот број еден во моментов Leonardo Di Caprio, дополнета со убедливите Tom Hardy, Domhnall Gleeson, Will Poulter, Paul Anderson во главните улоги, од денеска /четврток, 21.01.2016 година) на репертоарот на кино Милениум.
За сите филмски сладокусци, денеска / 21.01.2016 година/, следуваат уште 2 новитети на програмата.
Комичниот ТАТО СЕ ВРАТИ (DADDY’s HOME), со Will Ferrell и Mark Wahlberg во главните улоги, како и краткометражниот македонски филм ДОЛУ ОД РАЈОТ, на режисерот Саша Станишиќ.
ПОВРАТНИК (THE REVENANT) – премиера 21.01. (четврток)
Филмот е снимен според вистинита приказна сместена во 1820 година. Додека ја истражува недопрената природа, легендарниот истражувач, Хју Глас ќе биде нападнат од мечка и ќе се здобие со тешки повреди. Неговиот тим ќе се обиде да го спаси, но, носејќи го во лежалка низ непроодните планински патеки, сфаќаат дека со него само заостануваат. По една кавга, тимот ќе се подели, а Џон Фицџералд решава да го остави Глас во шумата. Длабоко разочаран, неподвижен, изнемоштен и со желба за одмазда, Глас трага низ немилосрдната дивина, барајќи го Фицџералд, човекот што го изневери и напушти.
ТАТО СЕ ВРАТИ (DADDY’s HOME) – премиера 21.01. (четврток)
Желбата на радиоводителот Брад, неговите посиноци да го засакаат и викаат „Тато“, пропаѓа во моментот кога се појавува нивниот биолошки татко Дасти… Главнте улоги ги толкуваат Will Ferrell, Mark Wahlberg, Linda Cardellini, арежијата е на Sean Anders.
ДОЛУ ОД РАЈОТ (DOWN FROM HEAVEN)- премиера 21.01. (четврток)
Ана, 15-годишно девојче, ја заменува СИМ картичката од својот телефон, со таа од нејзиниот починат дедо. Почнува да сешегува со својата фамилија, праќајќи им пораки oд неговиот број. Но, навидум наивната шега, се врти против Ана. Улогите ги толкуваат Ана Ошавкова, Зоран Бојаровски, Кристина Христова Николова, Соња Ошавкова и Ханис Багашов, арежијата е на СашаСтанишиќ.
На репертоарот на кино Милениум љубителите на филмот ќе може да гледаат:
ЧЕТВРТОК-ПЕТОК (21.01. – 22.01.2016):
13:00 -МЕЧОКОТ ОД СЕВЕР (NORM OF THE NORTH)
15:00 -ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ: СИЛАТА СЕ БУДИ 3Д (STAR WARS: THE FORCE AWAKENES 3D)
17:30 – ТАТО СЕ ВРАТИ (DADDY’s HOME)- премиера
19.30 – ДОЛУ ОД РАЈОТ (DOWN FROM HEAVEN) – премиера
20:00 -ПОВРАТНИК(THE REVENANT)- премиера
23:00 -ОМРАЗЕНАТА ОСУМКА (THE HATEFUL EIGHT)
САБОТА- НЕДЕЛА(23.01.-24.01.2016):
11:00 -АЛВИН И ВЕРВЕРИЧКИТЕ: ГОЛЕМАТА АВАНТУРА (ALVIN AND THE CHIPMUNKS: THE ROAD CHIP)
13:00 -МЕЧОКОТ ОД СЕВЕР (NORM OF THE NORTH)
15:00 -ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ: СИЛАТА СЕ БУДИ 3Д (STAR WARS: THE FORCE AWAKENES 3D)
17:30 – ТАТО СЕ ВРАТИ (DADDY’s HOME)
19.30 – ДОЛУ ОД РАЈОТ (DOWN FROM HEAVEN)
20:00 -ПОВРАТНИК(THE REVENANT)
23:00 -ОМРАЗЕНАТА ОСУМКА (THE HATEFUL EIGHT)
ПОНЕДЕЛНИК– СРЕДА (25.01. -27.01.2016):
13:00 -МЕЧОКОТ ОД СЕВЕР (NORM OF THE NORTH)
15:00 -ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ: СИЛАТА СЕ БУДИ 3Д (STAR WARS: THE FORCE AWAKENS 3D)
17:30 – ТАТО СЕ ВРАТИ (DADDY’s HOME)
19.30 – ДОЛУ ОД РАЈОТ (DOWN FROM HEAVEN)
20:00 -ПОВРАТНИК(THE REVENANT)
23:00 -ОМРАЗЕНАТА ОСУМКА (THE HATEFUL EIGHT)ПОВРАТНИК (THE REVENANT), на одличниот Alejandro González Iñárritu, со фантастична актерска екипа предво