По средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, премиеротна Баварија и лидер на Христијанско – Социјалната Унија Хорст Зехофер на социјалните мрежи сподели фотографија со информација за остварената средба.-Денеска му посакав добредојде на мојот гостин од Македонија со кого разговаравме за регионалното лидерство на ЦСУ. Затворањето на балканската рута и градење на блок за ограничување на миграцијата која се случуваше изминатата година беше дел од денешната наша тема, напиша Зехофер на социјалните мрежи.
По средбата на која присуствуваа и вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски и пратениците и членови на извршниот комитет Александар Николовски и Влатко Ѓорчев, баварскиот премиер изјави дека денешните гости се важни за Германија и дека кај канцеларката Меркел, која е лидер на сестринската десничарска партија ЦДУ, ќе лобира за македонските евроинтеграции, конкретно за започнување на преговори за членство во ЕУ .
– Се радуваме на посетата на делегацијата од Македонија предводена од Груевски која не посети во Минхен, Баварија, во седиштето на ЦСУ. Тие се важен и успешен партнер за нас. Груевски ме информираше за одличниот економски развој кој го постигна Македонија која во рамки на Европа е на високо место кога станува збор за политики во рамките на економијата и финансиите. И понатаму ќе го негуваме ова пријателство, а јас ќе разговарам со канцеларката Меркел за преговорите на Македонија со Европската Унија и тоа што е можно поскоро, изјави премиерот на најбогатата германска покраина, јави дописникот на МИА од Берлин.
За лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски средбата со баварскиот премиер е одлична шанса Македонија да ги претстави своите приоритети и постигнати резултати, но и да посочи на темите кои што се од заеднички интерес и за Македонија и за Баварија за што добил поддршка од Минхен.
– Со баварскиот премиер имавме средба на која разговаравме за неколку прашања, за партиската соработка, за зачленувањето на Македонија во НАТО и ЕУ и за нашите напори за тоа, како и за барањето за понатамошна поддршка од страна на Баварија и од страна на Германија за нашето зачленување во ЕУ и НАТО. Разговаравме исто така за случувањата во последниот период, за политичката криза, за престојните избори кои доаѓаат, во смисла на можност за надминување на таа криза. И секако разговаравме за мигранската криза и како Македонија се справи со неа, како помогна за останатите држави во Европа особено за Германија и за други детали поврзани со тоа, изјави претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Груевски.
Делегацијата на ВМРО – ДПМНЕ вечерва одржува средба со претставници на неколку организации на дијаспората во овој дел на Германија, а за утре се предвидени средби со екс премиерот на Баварија и екс лидер на ЦСУ Едмунд Штојбер, како и со извршниот директор на Индустриската и трговска комора на Минхен и Горна Баварија, Петер Дрисен.-Денеска му посакав добредојде на мојот гостин од Македонија со кого разговаравме за регионалното лидерство на ЦСУ. Затворањето на балканската рута