Во денешниот говор на академијата за празникот Свети Климент Охридски, премиерот Никола Груевски објави проект со кој средношколците секоја среда ќе можат бесплатно да ги посетуваат државните театри, музеи и кина, а ќе можат бесплатно да се возат и со жичницата на Водно.Проектот започнува со важност од 1 јануари 2016 година.
-Следејќи ја успешната приказна на проектот „Слободен Четврток” наменет за студентите, преку овој нов проект кој се вика “Средношколска Среда” ќе се стремиме да ја подигнеме мобилноста, квалитетот на забава, и посетеноста на културните институции како театри, музеи и кина кај средношколците. Преку овој проектот „Средношколска Среда“ секоја среда на сите средношколци, ќе им овозможиме бесплатен превоз на жичарницата на Водно и со железничкиот сообраќај во Република Македонија, како и бесплатни билети за театрите, музеите и кината во државата. На овој начин ќе се зголеми мобилноста на младите и ќе се влијае на зголемување на свеста за посета на установите на културата во Република Македонија и развој на културниот сегмент во младинската сфера, истакна Груевски.
Премиерот претходно најави и бесплатен превоз за студентите во јавниот градски сообраќај.Проектот започнува со важност од 1 јануари 2016 година.
-Следејќи ја успешната приказна на проектот „Слободен Четврток” наменет