Премин кон подземниот свет: Сибирски феномен кој ги плаши луѓето

Многу жители во рускиот регион Јакутск се плашат да му пријдат на кратерот Батагајка, бидејќи веруваат дека претставува премин во подземниот свет.Митовите во овој дел од планетата говорат за постоење на три света – горен, среден и подземен, а локалните жители веруваат дека Батагајка е премин до еден од нив.
Во тоа дополнително ги убедуваат и застрашувачки звуци, иако тие најверојатно потекнуваат од одронот на тло во кратерот, кој заедно со кањонот што „излегува“ од него мери должина од еден километар и длабочина од 100 метри.
Батагајка почна да се формира во шеесеттите години од минатиот век, кога луѓето исекле голем дел од шумата на тоа подрачје. Земјата потоа почнала да тоне и тоа продолжило сѐ до денес, со влијание од климатските промени.
Голема поплава во 2008 година го забрза потонувањето на тлото, а резултат на тоа е „природна лабораторија“ во која научниците можат да ги проучуваат слоевите на почвата.
Неодамна е покрената научна експедиција чија цел е откривањето на староста на оваа област, а проф. Џулијан Мартон од Универзитетот во Сасекс смета дека слоевите на почвата се стари барем 200.000 години.
„Батагајка ја окупираше мојата фантазија. Нејзината големина е неверојатна. Почвата совршено е изложена и сите слоеви се видливи“ – вели Мартон.
Следен чекор во проучувањето на Батагајка е анализа на пермафростот, промерок од прастар мраз кој може да се најде во нејзината утроба.
Митовите во овој дел од планетата говорат за постоење на три света – горен, среден и подземен, а локалните жители веруваат дека Батагајка е п

Пронајдете не на следниве мрежи: