“Паднав на тој тренд на живеење со природата и за само неколку недели ги исфрлив сите средства за чистење, религиозно ја проучував листата на состојки во храната, ги избегнував сите адитиви и фарби за коса и почнав дури и сама да одгледувам одредени намирници. Мислев дека после тие чекори ќе бидам здрава, но наместо тоа завршив во болница”.Вака новинарката Џоди Алард ја започнува својата исповед. Трендот на преминување на природна исхрана, односно Палео диета, делувал како единствен природен чекор, посебно откако ѝ била дијагностицирана митохондријална болест – генетска болест за која сè уште нема лек. Лекарите ѝ кажале дека немаат начин како да ѝ помогнат.
“Во очајничката потрага за лек, налетав на Палео диетата. Читав блогови кои ги убедуваат луѓето дека сè, ама баш сè, може да се излечи со правилна исхрана и природен начин на живот. Храната е единствениот лек, говореа тие, а јас побожно следев сè што пишуваа. Ја исфрлив процесираната храна, јаглехидратите, купив дифузер за есенцијални масла и почнав да одам на јога. Толку бев полна со ентузијазам што започнав и сопствен блог”, вели таа.
“Во почетокот, сè што пишуваа се оствари и на мене. Речиси веднаш ослабев, го решив проблемот со вишокот желудочна киселина, а мигрените исчезнаа. Поради напливот на здрава енергија, ги прекинав сите лекарства, бидејќи храната решава сè, нели?
Ми требаше многу време за да сфатам дека станувам сè послаба и дека имам сè помалку енергија од новата диета. Кога го споделив тоа со луѓето кои исто така беа подложени на ваквата исхрана, ми кажаа дека треба да го заострам режимот и да исфрлам уште повеќе намирници од исхраната. Со тоа ги исфрлив и јајцата, јаткастите плодови, доматите и многу друго, но енергијата само опаѓаше. По шест месеци, работите толку се влошија што морав да примам инфузија. Толку бев исцрпена што дури немав ни енергија да стигнам до работното место.
Секој ден изгледав сè полошо и полошо, мускулите ме болеа и чувствував болка во коските. Но, не сакав да се откажам – доколку храната не може да ме излечи, што воопшто може?
Затоа продолжив со строгата исхрана, вдишував есенцијални масла и медитирав, а во паузите одев на инфузија. По неколку месеци, моите вени беа уништени и сестрите почнаа да ми зборуваат за воведување на централен венски катетер. Тоа доаѓаше со ризик од инфекции кои многу брзо и лесно би можеле да ме убијат. Тогаш решив да ставам крај.
Ја прифатив Палео диетата од здравствени причини, но од истите и ја отфрлив. Решив да се вратам на лековите и на исхраната со јаглехидрати. Престанав да се грижам за состојките во храната и консумирав едноставни оброци.
Но, тоа не значи дека ја отфрлив природната медицина, нејзините аспекти се одлични. Но, природата не е лек за сè”, вели Џоди Алард.
Вака новинарката Џоди Алард ја започнува својата исповед. Трендот на преминување на природна исхрана, односно Палео диета, делувал како единс