Преплашена: „SAS ми даде 500 фунти за да молчам за убиството на Лејди Ди“

Поранешниот војник на елитната британска Специјална воздухопловна сила (SAS)  тврди дека признцезата Дајана е убиена на тој начин што еден член од единицата намерно го заслепил нејзиниот шофер со фаровите, за да ја предизвика сообраќајната несреќа.Лондон – Сопругата на поранешниот снајперист на специјалната единица SAS, исплашена за својата безбедност, тврди дека и платиле за да молчи за несреќата на принцезата за која се претпоставува дека ја ликвидирале припадници на оваа елитна единица.
Жената која не е именувана поради законски причини тврди дека офицер од SAS и дал плик полн со пари за „да го држи јазикот зад заби за смртта на Дајана“.
Офицерот ја предупредил дека ќе заврши мртва доколку ги открие доказите од сведочењето на нејзинот поранешен сопруг во воениот суд, во процесот против Најтингел.
Во 2010 година таа изјавила дека нејзиниот сопруг е нестабилен  и не треба да биде пратен во Авганистан. Подоцна војникот Н. бил прогласен за виновен поради нелегално поседување на пиштол, пригушувач и околу стотина рачни гранати и куршуми.
Жената, именувана како Сара, која моментално се крие поради сопствена безбедност, вели: „Начинот на кој SASми се закани, само повеќе ме убеди да верувам во сè она што мојот сопруг ми говореше за нивната улога во смртта на Дајана. Никогаш порано не ми биле дадени пари за да молчам за нешто, но тие сакаа да молчам токму за Дајана. Сепак, не можев да останам на страна и во тишина, за нешто што е толку озбилно. Самата исплата ми беше крајно сомнителна и направи да се почувствувам мошне непријатно.“

 
Во 2011 година, војникот Н., преку писмо кое тој го напишал, тврди дека припадниците на SAS ја убиле принцезата Дајана.
Неколку недели подоцна, како што вели Сара, ја посетил офицерот на САС, а после него уште двајца странци кои биле пратени од страна на офицерот.
По оваа средба, офицерите на САС постојано го негирале тврдењето на војникот Н. дека припадниците на оваа елитна група биле охрабрувани да ги вознемируваат и повредуваат сите оние кои им задавале невољи.
Во почетокот на 2012 година, припадниците на SAS уште еднаш ја посетиле Сара давајќи и го пликот со пари, а  притоа и напоменувајќи и дека „никогаш со никој не разговарала“.

Содржината на писмото и станало познато на јавноста дури минатата година, веднаш по судењето на војникот Н.
„Фактот што молчеа за Дајана уште повеќе ме натера да верувам дека мојот поранешен сопуг ја говорел вистината дека војници на SAS ги впериле фаровите  во очите на возачот на автомобилот во кој се наоѓала принцезата, додека поминувале низ тунелот во кој загина Дајана. Мојот сопруг ми кажа дека веднаш по настанот, еден војник истрчал до колата за да види колку тешко е повредена принцезата и им дал знак на колегите дека мисијата е успешно завршена.“
 
 
 
 Лондон – Сопругата на поранешниот снајперист на специјалната единица SAS, исплашена за својата безбедност, тврди дека и платиле за да молчи з

Пронајдете не на следниве мрежи: