Студиите наведуваат дека секоја жена најмалку еднаш одглумила оргазам, а половина од нив се служат со оваа метода многу често. Освен што таа не сака да го “разниша” вашето силно, машко его, постојат и многу други причини поради кои таа може да го одглуми оргазмот.Една од тие причини може да биде и количината на алкохол кој го исконзумирала. Додека некои жени велат дека алкохолот им помага да се опуштат, факт е дека кај некои тој ја намалува сексуалната моќност и желба за секс. Во овие случаеви, потребно е многу подолго време за достигнување на оргазам, нормално ако воопшто и може да го доживее.
Другата можност се “искривени” очекувања. Можеби поради чувство на вина – дека ако не доживее оргазам таа ќе ве разочара. Како последица на тоа, после самиот сексуален чин, таа може да очекува дека со нејзиното непостигнување на оргазам, сексот ќе го прогласите за пропаст! Во дру случај пак, кога таа е уморна или нешто ја мачи, исто така постигнувањето оргазам може да биде “невозможна мисија”.
Сега поинтересниот дел – како да познаете глумица? Жените едноставно не можат да глумат навлажнетост. Ако произведува доволно сопствен 'лубрикант', можете со сигурност да кажете дека таа ужива. Спротивно, ако на клучното место почувствувате дека е суво, знајте дека не е возбудена.
Ако не и е интересно, таа вешто ќе смисли начин како да избега од вашиот кревет и се' набрзо ќе заврши. Една од честите методи е неочекуван и брз оргазам. Само што сте започнале со сексуалните игри, таа доживува оргазам. Гласен врисок, драматична воздишка и потоа ништо повеќе, освен можеби желбата да биде на друго место, што се докажува со брзината со која ќе стане од кревет. За разлика од актерките, вистински задоволената жена ќе сака да остане во кревет со вас, во вашата прегратка и топла постела.
Ќе бидете сигурни дека таа навистина ужива ако и се покачи телесната температура, внатрешните усни на вагината се надуени, влажни и со потемна боја од обично. Исто така, ќе има контракција на мускулите, а клиторисот ќе и биде поголем. Градите исто така ќе бидат наежени и надуени.
Ова се нештата кои ниту една жена не може да ги контролира, па затоа се и најверодостојните показатели за тоа дали се движите во вистинската насока и дали она што таа го презентира е реално.Една од тие причини може да биде и количината на алкохол кој го исконзумирала. Додека некои жени велат дека алкохолот им помага да се опу