Прес-конференција за 6. Меѓународен фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест

Скопје, 30.11.2016 – На четирите фестивалски денови на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ во периодот од 1 до 4 декември во Кинотека на Македонија ќе бидат прикажани вкупно 52 анимирани филмови од 25 земји од светот. Под мотото „За нагоре“, овој фестивал ќе го одржи своето 6-то издание со богата програма наменета за возрасни и за деца. 
Годинава на Анимакс ќе бидат прикажани 43 филмови за возрасни и 9 филмови за деца во официјална конкуренција. Тие се избрани од пријавените рекордни  1.527 анимации од 85 земји во светот, меѓу кои најголем број од САД, Англија и Франција, но и од Германија, Индија, Иран, Шпанија, Русија, Бразил и други.
На последниот ден од фестивалот, 4 декември, ќе бидат доделени наградите Златна, Сребрена и Бронзена тула, а за нив ќе одлучува меѓународна жири-комисија во состав Дарија Копиец, аниматорка од Полска, Масимилиано Нардули, програмски директор и селектор на неколку европски филмски фестивали и Жарко Иванов, аниматор од Македонија. Исто така ќе биде доделена и Златна тула за најдобар детски анимиран филм, а за победникот ќе гласаат децата во четири фестивалски денови. Градоначалникот на Град Скопје ќе додели Специјална награда Гран При за најдобар анимиран филм во рамки на фестивалот.
Како дел од придружната програма на фестивалот ќе бидат одржани три работилници и една промоција на книга за анимација.
„Анимацијата како медиум нуди голем број техники на работа, вклучува најразновидни сретства, материјали и технологии. Заради тоа анимираните филмови се секогаш иновативни и оригинални. Се обидуваме на публиката да ги претставиме оние техники не толку застапени кај нас, кои можеби ќе отворат нови полиња за работа на македонските аниматори. Оттука произлезе идејата да организираме работилница за анимација со канадскиот автор Николас Бролт за неговата невообичаена техника на анимирање со леење шеќер, во која оригиналната шеќерна материја од која се создава филмот буквално ќе им биде понудена на учесниците за проба.“, вели Кузмановски.
„Анимацијата е неразделно поврзана со децата и затоа повторно и годинава им посветуваме големо внимание на најмалите.“, вели Кузмановски. Работилницата за деца во техниката стоп анимација со пластелин ќе се реализира под менторство на познатата полска аниматорка и режисерка Дарија Копиец. Десет деца во период од три дена ќе работат под менторство на Дарија и ќе создадат краток анимиран филм  кој ќе биде прикажан на големото платно последната фестивалска вечер.
Во рамки на Анимакс ќе биде одржана и стрип работилница за деца Мак-стрип, на која група од 20-тина деца ќе ги научат основите на создавање стрип, кој како медиум е тесно поврзан со анимацијата. Ментори на оваа работилница се Здравко Гиров и Давор Драмиќанин.
 
Годинава на Анимакс ќе биде промовиран зборникот „Опсесија. Перверзија. Бунтовност. Изопачени соништа на централно-европската анимација“ од страна на Михал Бобровски од Полска. Зборникот содржи текстови посветени на субверзивните и потиснатите мотиви кои се присутни во авторските анимирани филмови кои доаѓаат од државите од „Вишеградската група“ и Италија.
Програмата на Анимакс ќе се одржува во Кинотека на Македонија.
Билетите за програмата во официјална конкуренција ќе чинат 70,00 денари.
Сите проекции за деца, како и учеството на работилници е бесплатно.
Официјалната програма на фестивалот со прикажување на филмовите ќе почнува во 20.00 часот.   Детската програма во четврток и петок ќе ја следат деца организирани од основните училишта, а во сабота и во недела детската програма ќе почнува во 12 часот и ќе биде отворена за сите заинтересирани.
„Анимакс Скопје Фест“ е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со филмското училиште Тинтири-Минтири од Скопје, со поддршка од Агенција за филм на Република Македонија и Град Скопје, а во соработка со Кинотека на Македонија.
„Анимакс Скопје Фест“ е прв и единствен фестивал на анимиран филм во Македонија. Цел на фестивалот е подигање и градење на културата во поглед на изработка на анимирани филмови, за возрасни и деца, кои презентираат различни аспекти од секојдневниот живот
Во прилог на оваа порака, Ви ги испраќаме програмата и постерот на фестивалот.
  
Годинава на Анимакс ќе бидат прикажани 43 филмови за возрасни и 9 филмови за деца во официјална конкуренција. Тие се избра

Пронајдете не на следниве мрежи: