Преку правен преседан во Државната изборна комисија (ДИК), започна реализација на сценариото за кражба на изборите од страна на СДСМ и БЕСА, кои со приговори во чисто албански средини сакаат да ја украдата волјата на мнозинството македонски гласачи.Надвор од Изборниот закон, ДИК презеде улога и за прв пат побара вештачење, кое е истражна мерка што им стои на располагање на органите на истрагата, каков што не е ДИК.
Членот на ДИК, Сашо Срцев по продолжението на седницата на ДИК исто како и дел од неговите колеги реагираше на начинот на која Фатиме Сулејмани била донесена во ДИК, односно без нивно барање туку од страна на претставник на СДСМ, тоа според него покажува дека случајот е претходно подготвуван.
– Начинот на кој беше повикана Фатиме Сулејмани не ми е јасен затоа што кој и кога ја повика и врз основа на која одлука таа дојде овде. Ова е спремна работа однапред, рече Срцев во дебата за понатамошната постапка во случајот.
-Предлагам да ми посочите одредба, бидејќи работиме согласно законот сакам да ми се објасни и врз која основа и одредба од законот ние ќе носиме одлуки. Веќе ако се вештачи, а јас не сум за тоа тука спаѓа и полиграфското вештачење кое го предложи и колешката. За да се дојде на избирачко место основна работа е лична карта и биометриска патна исправа и без тоа не може да се гласа од самиот факт дека треба да се спореди фотографијата која за прв пат се најде во избирачкиот список, како и адресата и не ми е јасно како дошле тие со нејзина лична карта или патна исправа за да гласа. Јас морам да ви упатам дека потписот кој што го дава МВР е сосема различен од оној на хартија, значи тоа е посебна постапка а ние земавме да утврдуваме и цениме потпис. Ве молам прочитајте ја одредбата за да можам да гласам, изјави Сашо Срцов.
Тој потенцираше и дека ДИК направи три повреди.
-За гласање на гласачко место 003961 во изборната единица 6 ДИК направи три повреди: Прво разгледува приговор кој не е потпишан, а кој е точно утврден со правилникот. Второ носи без одлука да се повикуваат одредени лица без одлука на ДИК и третиот прекршок надвор од правилникот законот а тоа е вештачењето, истакна Срцов.Надвор од Изборниот закон, ДИК презеде улога и за прв пат побара вештачење, кое е истражна мерка што им стои на располагање на органите на истрагат