Преспа директно вклучена во помагањето во погодените подрачја

Во општина Ресен продолжуваат активностите кои се поврзани со обезбедување на помош за настраданото население од поплавите кои го зафатија   скопскиот регион на 06.08.2016.Активистите на Општинската организација на Црвениот Крст од Ресен заедно со општина Ресен отворија пункт во општинската зграда каде граѓаните ги доставуваат своите донации во вид на вода, храна и средства за хигиена, а од вчера исти таков пункт со волонтери на Црвениот Крст има и на градскиот плоштад. Според информациите кои ги има Црвениот Крст дел од компаниите во општината, помош во различни намирници директно испраќаат во собирниот центар во Момин Поток.
Од  ЈКП Пролетер , ТППЕ Ресен и Општина Ресен веќе втор ден се испраќаат  вработени во овие институции на помош при расчистување во загрозените подрачја во Скопскиот Регион.Ресенските екипи работат на расчистување на домови кои настрадаа од големите поплави пред се во расчистување на кал од домовите и оштетена покуќнина. За утре 11.08.2016 година најавена е поголема група од 20 вработени во Општина  Ресен кои ќе заминат во загрозените подрачја на расчистување од последиците кои ги направи невремето.
 
На вонредната седница на Совет на Општина Ресен , покрај донесената одлука Општината да уплати 100 000 денари во наменскиот фонд за загрозеното население, сите 15 Советници донесоа одлука да се откажат од дел од месечниот надоместок и истиот да се уплати на наменскиот фонд за загрозеното население.Активистите на Општинската организација на Црвениот Крст од Ресен заедно со општина Ресен отворија пункт во општинската зграда каде граѓаните ги до

Пронајдете не на следниве мрежи: