ПРЕСУДАТА Е ДОНЕСЕНА: Шешељ е ослободен од сите обвиненија!

Хашкиот суд донесе пресуда дека Војислав Шешељ не е виновен ниту по една точка поради обвинението за злосторства против човечноста и кршењето на законот или обичајот на војување.Судијата Жан Клод Антоанети соопшти дека Обвинителството не понуди доволно докази ниту по една од деветте точки од обвинението и изрекувањето на пресуадата ја заклучи со зборовите: „Војисав Шешељ е слободен човек.“
Антоанети претходно изјави дека Хашкиот трибунал нема изнесено доволно правни аргументи за потврда на обвинението за злосторства против човечноста.
Обвинението против Шешељ се состоеше од девет точки. Во три точки беше обвинет за злосторства против човештвото и за прогони на политичка, расна или верска основа, депортации или присилно преместување.
Во шест точки, пак, беше обвинет за кршење на законите и обичаите на војувањето – за убиство, мачење и сурово постапување и безаконско разурнување и грабеж на приватен и јавен имот.
Повеќето членови на Советот заклучиле дека обвинителството не докажало дека цивилното несрпско население било изложено на распространети напади во Вуковар и Сараево.
„Обвинителот не покажа јасно дека цивилите биле масовно на мета“, изјави Жан Клод Антонети додавајќи дека општите тврдења на обвинителството не биле поддржани со докази.
Што се однесува до Војводина, Советот не утврди дека станувало збор за област на оружен судир бидејќи обвинителството не успеало да го поврзе со војната во Хрватска.
Советот смета дека српските доброволци не му биле потчинети на Шешељ кога учествувале во воени операции, туку биле потчинети на воената хиерархија на теренот.
Обвинителството тврдеше дека Шешељ бил член на злосторничко здружување на чело со српскиот претседател Слободан Милошевиќ со цел прогон на несрпското население од Хрватска и БиХ за создавање „Голема Србија“. Судот за ова одлучи дека Шешељ не бил директно одговорен.Судијата Жан Клод Антоанети соопшти дека Обвинителството не понуди доволно докази ниту по една од деветте точки од обвинението и изрекувањето на пр

Пронајдете не на следниве мрежи: