Педесет и тригодишниот Ј.С. (53) од Скопје е такси-возачот кој пред две ноќи ја довел дома младата девојка од Аеродром, која подоцна загина по пад од зградата во која живеела, потврдуваат од СВР Скопје .Од таму велат дека пријава за силување нема, иако претходно мајката за „Либертас“ изјави дека девојката била силувана од таксистот.
Пријава има само од таксистот, кој во полиција вчера околу 15.35 часот пријавил дека истиот ден рано утрото околу 4.30 часот на ул. „Коста Новаковиќ“, додека симнувал патник од неговото такси возило, бил физички нападнат од страна на лицето А.З. (39) од Скопје. Таксистот бил удиран со боксови и клоци по главата и телото од кои му се нанесени видливи повреди во вид на модринки и отоци, расекотина на левата аркада и расекотина на задниот дел од главата. По тоа напаѓачот побегнал во непознат правец со „опел“ со непознати регистарски ознаки.
Од СВР Скопје велат дека физичкиот напад е расчистен, а за А.З. ќе биде подготвена прекршочна пријава.
Момчето на мајката на девојката, пак, случајно или не, има исти иницијали со напаѓачот од случајот со претепаниот таксист.
Телото на младата девојка е на обдукција. Од полицијата велат резултатите ќе помогнат да се открие што всушност се случило таа вечер.Од таму велат дека пријава за силување нема, иако претходно мајката за „Либертас“ изјави дека девојката била силувана од таксистот