Рос Гарднер (39) стана вистинска инспирација за милиони луѓе кои се борат со вишок на килограми откако во рок од неколку 10 месеци ја намали тежината на 90 килограми и од големина ХХХХL дојде на ХХХХL секси, сметаат неговите нови обожаватели.Мажот од Флорида се одлучил за целосна промена на начинот на живот откако лекарите го советувале дека дебелината му влијае на здравјето, пренесува „Телеграф“.
Тоа што тој го направи не е никаква револуција, но докажува дека сѐ е можно: едноставно престанал со пиење и пушење, почнал со здрава храна и вежби, а со строгата диета целосно ја исфрлил и брзата храна.
„Морав да купувам два билети за авион, затоа што не можев да седам. Не можев да ги врзувам чевлите, а еднаш на работа ми пукнаа панталоните“ – се потсетува Гарднер на времето кога имал дури 178 килограми.
Откако ослабел, тој се подложил на операции на отстранување на вишокот на кожата.
„Пред губење на тежината бев толку многу засрамен од своето тело, што цели шест години не ја имав соблечено маицата во јавност“ – рече Рос.
Сега неговата приказна сака да ја сподели со другите, за да ги инспирира за промена каква што и самиот ја поминал.Мажот од Флорида се одлучил за целосна промена на начинот на живот откако лекарите го советувале дека дебелината му влијае на здравјето, пренесува