ПРЕТПРАЗНИЧНА ДИЕТА: Како да ги изгубите вишокот килограми?

Водејќи се по диета со салата, дневно ќе внесувате околу 1300 калории, така што за 4 недели можете да изгубите повеќе од 4 килограми.Дневно се дозволени 3 лажици маслиново масло (распоредете ги за готвење и зачинување). Користете морска сол, вински или јаболков оцет или сок од лимон. Вкусот на салатата можете и да го обогатите со зачинско масло. Малку сенф исто така може да биде вкусен додаток.
Режимот на исхрана е пропишан за 7 дена во неделата. После седмиот ден треба да се вратите на почеток и така 4 недели по ред.
Освен што ќе ги изгубите килограмите, оваа диета ќе ви го реши и проблемот со варењето, задржување на вишокот течност, како и исушената кожа на која и недостасува сјај.
Понеделник
Појадок: 2.5 дл делумно обезмастено млеко и три лажици мусли
Ужина: чаша сок од агруми (Агруми претставува заедничко име за мандарината, лимонот, портокалот и грејфрутот)
Ручек: салата од мешунки, 40 g интегрален леб, 200 гр овошје
Вечера: предјадење од суров зеленчук со сос (марула, морков, целер), 150 гр риба печена во фолија и зачинета со сос од нане, 200 гр овошје
Вторник
Појадок: 2,5 мл делумно обезмастено млеко, три интегрални кришки тост
Ужина: 200 g овошје
Ручек: салата од пиперки, 200 гр овошје
Вечера: предјадење од мешан суров зеленчук (марула, морков, целер), 50 гр варен интегрален ориз помешан со 2 домати, 75 гр варен зеленчук за руска салата (морков, грашок, компир), лажица пченка од конзерва и маслиново масло, на крајот 200 гр овошје.

 
Среда
Појадок: обезмастен јогурт со три лажици мусли
Ужина: чаша сок од агруми
Ручек: 100 г немасно мелено месо, 200 гр компири, јајца, 70g интегрални тестенини зачинети со свежи домати и сецкана рукола, 200 гр овошје
Вечера: мешана салата од црвена зелка, домат и краставица, 50 гр варен спанаќ, на крајот  200 гр овошје
Четврток
Појадок: 2,5 мл делумно обезмастено млеко, четири интегрални кришки тост
Ужина: 200 гр овошје
Ручек: 100 г немасно мелено месо, 200 гр компири, јајце, 40 g интегрален леб, 200 гр овошје
Вечера: 50 гр интегрален леб, телешка шницла на жар, печен зеленчук (модар патлиџан, тиквички и црвена зелка), цикорија
Петок
Појадок: обезмастен јогурт со три лажици мусли
Ужина: чаша сок од агруми
Ручек: ориз со црвена зелка, 200 гр овошје
Вечера: мешана салата од ендивија, зелка и домати, 150 гр пржена риба, печен модар патлиџан
Сабота
Појадок: 2,5 мл делумно обезмастено млеко, три интегрални кришки тост
Ужина: 200 g овошје
Ручек: 100 гр варен грашок во посолена вода и лажичка зачин од тартар сос, краставици, 200 гр овошје
Вечера: свеж зеленчук, супа од зеленчук со 30 g тестенини или ориз, 200 гр овошје
Недела
Појадок: обезмастен јогурт, три интегрални кришки тост
Ужина: чаша сок од агруми
Ручек: 30 гр интегрални тестенини облеани со сос од домати и 50 г грав, 50 гр шунка или пршута, 200 гр овошна салата од сезонско овошје
Вечера: зелена салата, две тврдо варени јајца, варен зеленчук (спанаќ, карфиол), 200 гр овошје
Најдобри рецепти, кулинарски совети, трикови, и диети, може да најдете на Фејсбук страницата  – Најади се!Дневно се дозволени 3 лажици маслиново масло (распоредете ги за готвење и зачинување). Користете морска сол, вински или јаболков оцет или сок од ли

Пронајдете не на следниве мрежи: