Претседателот и членовите на Судскиот совет денеска одржаа средба со претставници на Синдикатот на УПОЗ и на Здружението на судска администрација

Претседателот и членовите на Судскиот совет на Република Македонија, како претставници на судската власт, денеска одржаа средба со претставници на Синдикатот на УПОЗ и на Здружението на судска администрација. 
Во интерес на целосно и точно информирање на јавноста во ова соопштение изнесуваме што беше разговарано и договорено на одржаната средба.
ССРМ се согласи дека правото на додатоци на плата по три различни основи, во кумулативен износ до 35% од платата, како што е предвидено со соодветни закони за јавните обвинители, судиите и јавнообвинителските службеници, треба да го имаат и судските службеници. Констатирано е дека досега ова право судиите не го имаат остварено.
Двете страни се согласија дека донесувањето и изменувањето на законите, па и на Законот за судска служба е во надлежност на извршната и на законодавната власт.
На барање на претставниците на Синдикатот на УПОЗ и на ЗСА, по завршувањето на средбата, Судскиот буџетски совет одлучи платата на судските службеници за мај 2016 година да биде исплатена во целост, а задршката на плата согласно членот 77 од Законот за судска служба за биде реализирана со исплатата на плата за јуни 2016 година.
Претставниците на судската власт, на средбата изнесоа став дека сите инволвирани страни треба да ги почитуваат одредбите од Законот за судска служба, вклучително и одредбите од член 59 и член 77 од овој закон.
Покрај денешната, ССРМ има остварено повеќе средби со претставници на Синдикатот на УПОЗ и на ЗСА и смета дека натамошни средби без присуство на претставници од извршната власт би биле безпредметни.
  
Во интерес на целосно и точно информирање на јавноста во ова соопштение изнесуваме што беше разговарано и договорено на од

Пронајдете не на следниве мрежи: