вторник, 24 ноември 2026
Најново

Претседателот Иванов утре ќе оствари поединечни средби со политичките партии

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов утре ќе оствари поединечни средби со политичките партии, на кои ќе се разговара за актуелната политичка состојба, потврдија за МИА од кабинетот на Иванов.– Консултациите со парламентарните политички партии следуваат по средбата на Иванов со претседателот на Уставниот суд Никола Ивановски и средбата со евроамабасадорот Жбогар, велат од Кабинетот на претседателот.
Иванов на денешната средба со претседателот на Уставниот суд истакнал дека досега постапувал исклучиво во рамки на своите права, должности и надлежности, почитувајќи го Уставот на Република Македонија. Претседателот Иванов посочил дека и во однос на актуелната ситуација ќе постапува во согласност со уставните одредби и исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија.
Македонскиот претседател вчера имаше средба со Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европската унија во Република Македонија, на која се разговарало за актуелната политичка ситуација во земјата и за ставот на ЕУ по ова прашање.– Консултациите со парламентарните политички партии следуваат по средбата на Иванов со претседателот на Уставниот суд Никола И

Поврзани вести