Претседателот на „Фејсбук“ потроши 10 милиони долари на свадба во знакот на „Игра на тронови“

Милјардерот Шон Паркер, соосновач на веб-сајтот за размена на музика „Напстер“ и прв претседател на „Фејсбук“, се ожени на 2 јуни во Биг Сера во Северна Калифорнија. Паркер се ожени со музичарката Александра Линас во едно одморалиште покрај море во присуство на 300 гости, вклучувајќи ја и ќерката Витакер, која е родена годинава.Се вели дека Паркер потрошил 10 милиони долари за преуредување на хотелот кој добил изглед на сет од снимањето на серијата „Игра на престоли“, вклучувајќи водопади, антички остатоци, езера, мостови и колиби.

Гостите носеле посебна гардероба која ја дизајнирал костимограф од „Господар на прстените“ и тие пристигнувале на свадбата влегувајќи низ капија од 600.000 долари, играле на подиум од 350.000 долари и седеле покрај растенија и цвеќиња вредни преку милион долари.

„Форбс“ го процени богатството на Паркер на две милијарди долари. Во филмот „Социјална мрежа“ неговиот лик го играше Џастин Тимберлејк, а Паркер приказот на неговиот лик го окарактеризира како измислица.
Извор: republika.mkСе вели дека Паркер потрошил 10 милиони долари за преуредување на хотелот кој добил изглед на сет од снимањето на серијата „Игра на престоли&

Пронајдете не на следниве мрежи: