Претседателот на СДСМ Кавадарци, Зоран Ѓоргиев денес физички нападнал активисти на ВМРО-ДПМНЕ.Во насилството, тој не бил сам туку придружуван од партиски колеги од СДСМ. КУРИР дознава дека група на СДСМ на чело со претседателот на општинската организација, Зоран Ѓорѓиев нападнале активисти на ВМРО-ДПМНЕ и набљудувач на избирачко место. Како што дознаваме, нападнати се Ристе Стоев, Ѓорѓи Ѓорчев и Илија Илиев.
Физичкиот напад се случил денеска во близина на избирачко место „Слога“ кога група активисти на СДСМ на чело со нивниот претседател Ѓорѓиев физички нападале активисти на ВМРО-ДПМНЕ и набљудувач на избирачко место. Со тоа го имаат нарушено јавниот ред и мир за време на изборите.
На членовите на ВМРО-ДПМНЕ и набљудувачите им се нанесени физички повреди.
Исто така овој инцидент е констатиран со полициски записник, а во тек е расветлување на случајот од стана на МВР.
Насилството од членови на СДСМ трае во текот на цела изборна кампања и во деновите на гласање.Во насилството, тој не бил сам туку придружуван од партиски колеги од СДСМ. КУРИР дознава дека група на СДСМ на чело со претседателот на општинскат