Претседателот на СДСМ и нов премиер Зоран Заев доцнеше 40-тина минути на првата владина седница која требаше да започне во 14 часот. Поради доцнењето на Заев, таа започна 40-тина минути подоцна.Невообичаено, надвор од процедурата, Заев беше спроведен во салата со посебен партиски протокол. Дневниот ред на седницата сѐ уште не е објавен. Се претпоставува дека една од точките ќе биде именувањето на кандидатите за функционери од вториот и од третиот ешалон.
За заменичките позиции во министерствата се очекува кандидати да предложат сите партии што влегоа во владиниот состав, како и партиите што влегоа во коалицијата „За подобар живот во Македонија“ што СДСМ ја предводеше на изборите во декември.
Можно е да се разговара и за новиот генерален секретар на Владата. На маса ќе биде изборот и на нов директор на Службата за општи и заеднички работи.Невообичаено, надвор од процедурата, Заев беше спроведен во салата со посебен партиски протокол. Дневниот ред на седницата сѐ уште не е објав