Претседателот на Владата Емил Димитриев испрати честитка за почетокот на Рамазанските пости до сите верници од исламската вероисповед и до поглаварот на Исламската заедница, Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи.Претседателот на Владата Емил Димитриев испрати честитка за почетокот на Рамазанските пости до сите верници од исламската вероисповед и до поглаварот на Исламската заедница, Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи.-Светиот месец Рамазан и почетокот на Рамазанските пости од секогаш биле познати како денови на дарежливост, воздржување и добра мисла помеѓу граѓаните од исламската вероисповед. Вредностите кои ги красат овие пости нека бидат водилка во деновите кои претстојат, нека донесат многу радост и среќа во Вашите семејства, се вели во честитката.
Димитриев очекува вербата да помогне во градењето на општество кое се карактеризира со меѓусебно почитување, соработка и взаемна толеранција. Да работиме, вели премиерот, и понатаму за реализација на активностите кои обезбедуваат интерес за сите граѓани на нашата земја, решавање на секојдневните проблеми со кои се соочува населението, подобрување на стандардот, и развој на Република Македонија.
-Испраќајќи Ви најискрени честитки, Ви пожелувам лесни пости, духовен мир и радосни празнични денови, се вели во честитката од Димитриев.-Светиот месец Рамазан и почетокот на Рамазанските пости од секогаш биле познати како денови на дарежливост, воздржување и добра мисла помеѓу граѓа