Одлучни сме да не станеме складиште за мигранти доколку дојде до затворање на границите, затоа и се залагаме за координирана акција, вели претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во интервју за ШПИГЕЛ ОНЛАЈН. Иванов не ја исклучува можноста од затворање на балканскиот коридор, но предупредува дека таквиот потег ќе има големи последици за Македонија.– Немаме интерес од тоа состојбата во Грција да се влоши. Или пак целиот товар да падне на Грција. Оваа криза еден ден ќе заврши, но ние ќе останеме соседи засекогаш. Немаме желба да го жртвуваме овој однос, поради тоа што институциите на ЕУ не функционираат соодветно, вели Иванов прашан како гледа на можноста Македонија да стане нова граница со ЕУ, во случај на затворање на границата со Грција.
Претседателот Иванов предупредува дека затворањето на границите ќе има големи последици за Македонија.
– Го имаме искуството од косовската криза во 1999 година, кога во Македонија пристигнаа 360.000 бегалци. Ниту еден од нашите соседи не ни помогна тогаш, и не прими ниту еден бегалец. А дали знаете колкава помош добивме од тогашната донаторска конференција? Нула. За време на босанската криза, повторно примивме бегалци и токму затоа решивме овој пат да бидеме само транзитна земја, изјави Иванов за германски Шпигел онлајн.
Македонскиот претседател ја потенцира потребата од кризен менаџмент и единствено европско решение, посочувајќи дека бирократија на ЕУ потфрли во мигрантската криза.
– Не можевме да чекаме на Брисел да донесе одлука. Донесовме сопствени одлуки. Во време на криза, останува на секоја земја да изнајде сопствени решенија. Доколку чекавме совет од Брисел како да се справиме со кризата, Македонија ќе беше преплавена со бегалци, вели Иванов.
На прашањето дали е оптимист дека може да се избегне затворање на балканскиот коридор, македонскиот претседател вели дека мора да бидеме подготвени на сите сценарија бидејќи, како што вели, кога Австрија ќе ја достигне најавената квота од 37.500 лица може да се случи и тоа.
Иванов оценува дека затворањето на балканскиот коридор не е решение бидејќи, потенцира, беглаците ќе најдат друг пат за да стигнат до нивните дестинации.
– Криминалните мрежи ќе се погрижат за тоа. Нови коридори ќе бидат отворени преку Бугарија и Албанија. Како што се подбруваат временските услови, можеби и преку Балтикот и Јадранот. Никој од овие луѓе не сака да остане во Грција, Македонија или Србија. Нивната цел е Германија. Ќе најдатначин како да дојдат до таму, вели Иванов во интервјуто.
На прашањето дали се согласува со критиките упатени на адреса на Австрија и Вишеградската група, поради тоа што Грција и Европската комисија не се поканети на нивните состаноци, Иванов изјави дека Македонија секогаш инсистира Грција да биде присутна на состаноците посветени на бегалската криза.
– Соработката со Грција мора да се интензивира. Грција со право реагира што не е поканета на состаноците. Ова е проблем на целиот континент, а не само на ЕУ. Ние не сме земја членка на ЕУ, но сепак, правиме се како дел од европското решение, изјави претседателот Иванов во интервјуто за германскиот медиум.
Македонскиот претседател не се согласува со критиките упатени до германската канцеларка Ангела Меркел и нејзина политика на отворени врати, бидејќи оценува тоа било хуман гест кој треба да се почитува. Изворот на кризата, претседателот Иванов го лоцира во подрачјата зафатени со војна, кои се надвор од контрола на Европа.– Немаме интерес од тоа состојбата во Грција да се влоши. Или пак целиот товар да падне на Грција. Оваа криза еден ден ќе заврши, но ние ќе о