Претставен првиот производ за осигурување од катастрофи во Македонија

Скопје, 03.04.2014 –Со промоција на првиот уникатен производ за осигурување од земјотрес, во земјата започна да функционира новaта пазарна инфраструктура на системот за осигурување од ризици од природни катастрофи и временски непогоди, подржана од компанијата Europa Reinsurance Facility Ltd. (Европа Ре) – специјализирана компанија за реосигурување на имот од катастрофи со седиште во Швајцарија.Веднаш по лансирањето на првата Swiss Visual Pro полиса за осигурување од земјотреси, ќе следува иновативно осигурување во земјоделството кое, како придобивка за македонските фармери, ќе им обезбеди долгорочна финансиска гаранција при евентуални загуба на нивниот род од некоја временска непогода, како што се сушата, прекумерните врнежи, градот и друго. Исто така, македонските граѓани и бизнисмени ќе имаат прилика да обезбедат осигурување на нивниот имот од поплави.
Новите иновативни осигурителни производи, први од ваков вид во земјава, ќе се продаваат преку постојните локални осигурителни компании кои ќе земат учество во Европа Ре програмата. Европа Ре ќе обезбеди соодветна експертиза, техничка поддршка, како и квалитетно реосигурување за сите полиси за осигурување од катастрофи и временски непогоди, издадени од страна на партнерските осигурителни компании. Компанијата поседува соодветен капацитет и акредитација од страна на швајцарското тело  за супервизија на финансискиот пазар (FINMA).
„Европа Ре е тука во Македонија за да им понуди и помогне на граѓаните, на бизнис секторот, на земјоделците и на земјата на крајно ефикасен начин и за навистина пристапна цена, да обезбедат долгорочна финансиска стабилност и гаранција за својот имот, својот бизнис и својата иднина од реалните ризици од природни непогоди, кои можат да се случат секаде, во секој момент и можат да го погодат секого“, изјави Хајнц Фоленвајдер, главен извршен директор на Европа Ре, потенцирајќи дека „основна задача на Европа Ре е да им помогне на земјите од регионот во градењето и функционирањето на долгорочно одржлив систем за реосигурување од природни катастрофи“.
Европа Ре е уникатен и пред сѐ функционален модел на партнерство меѓу државите од регионот, глобалните институции и приватниот сектор. Нејзини основачи и главни акционери се Владите на Македонија, Србија и Албанија.
“Задоволни сме што Владата на Република Македонија е еден од идејните творци на овој систем, а воедно и еден од основачите на компанијата Европа Ре.Инвестиравме во компанија која за домашните осигурителни компании ќе креира систем на осигурување од сѐ поголемите ризици од природни непогоди предизвикани од климатските промени и од природните катастрофи.Бенефитите од функционирањето на компанијата Европа Ре наскоро ќе ги почувствуваат граѓаните – сопственици на куќи и станови, земјоделците, малите и средни претпријатија, кои за пристапни цени ќе обезбедат сигурен надомест на евентуалните загуби предизвикани од природни катастрофи и временски непогоди”, изјави потпретседателот на Владата на Република Македонија и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Европа Ре е силно поддржана од Светската Банка, Европската Унија, Обединетите нации, Швајцарскиот секретаријат за економски прашања и Глобалната мрежа за животна средина.
“Како што е наведено во неколку неодамнешни и претстојни извештаи, како што е студијата „Намалување на ранливоста на климатски промени во европските и централноазиските земјоделски системи” и преку програма за аналитичка и техничка поддршка за зелен развој и климатски промени, Македонија е исклучително ранлива на природни катастрофи и сѐ повеќе на ризиците од екстремни временски настани”, вели Татјана Проскурјакова, директорката на канцеларијата на Светска банка во Македонијаи додава: “Затоа сме среќни дека проектот кој го лансиравме во 2011 и во кој учествуваат повеќе земји, вродува со плод во Македонија. Сега, кога Европа Ре е капитализирана и оперативна, многу луѓе и бизниси ширум земјата ќе имаат пристап до поволно осигурување од катастрофи, кое им обезбедува финансиска сигурност во случај на катастрофален настан“.

Европа Ре е управувана од професионален менаџерски тим со долгогодишно богато искуство во областа, а функционира според најстрогите швајцарски стандарди во осигурителниот бизнис, што според заменик директорката на Швајцарската канцеларија за соработка во Македонија, Катарина Штокер, „влева дополнителна сигурност кај граѓаните дека новата компанија за реосигурување од природни катастрофи Европа Ре ќе ги исполни своите цели и ветувања и ќе ја оправда нивната доверба дека во случај на природна катастрофа или временска непогода, новата воспоставена пазарна инфраструктура навремено и квалитетно ќе ја покрие штетата врз нивниот осигуран имот“.
Значаен дел од мисијата на Европа Ре во Македонија и регионот е и да помогне во едукацијата на граѓаните и бизнис секторот за изложеноста на нивниот имот на ризици од временски непогоди и природни катастрофи. За таа цел, ќе биде понудена интерактивна, лесна за користење CATmonitor интернет страница, која на граѓаните ќе им овозможи да добијат   on-line информации за изложеноста на нивната куќа, зграда или деловен објект на ризик од земјотрес или поплава. Оваа алатка ќе им овозможи лично да ги проценат потребите за осигурување од ризиците од природни катастрофи.Веднаш по лансирањето на првата Swiss Visual Pro полиса за осигурување од земјотреси, ќе следува иновативно осигурување

Пронајдете не на следниве мрежи: