Млади музички таленти од 17 држави во светот вечерва во Битола се натпреваруваат за гран-при наградата на Интернационалниот музички фестивал „ТРА-ЛА- ЛА“.Гала концертот започнува во 18 часот во Народниот театар-Битола. Покрај учесниците од Македонија, на фестивалот настапуваат солисти и делегации од Шведска, Словенија, Србија, Романија, Португалија, Црна Гора, Молдавија, Малта, Литванија, Косово, Израел, Унгарија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина и Белoрусија.
Фестивалот, кој годинава одбележува 17 години постоење, е во организација на Асоцијацијата за уметност „Алексовски“. Учесниците настапуваат во живо во пет возрасни категории од 7 до 25 години.
Секоја година на фестивалот учествуваат солисти од голем број држави во светот презентирајќи ја својата култура, разменувајќи искуства и ширејќи го духот на културната соработка.
Инаку, фестивалот „ТРА-ЛА- ЛА“ е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и општина Битола.Гала концертот започнува во 18 часот во Народниот театар-Битола. Покрај учесниците од Македонија, на фестивалот настапуваат солисти и делегации од