Претставници на грчката дијаспора во Америка разговарале со Нимиц за името

Претставници на грчката дијаспора во Америка, минатата недела повторно се сретнале со медијаторот Метју Нимиц, информираат некои грчки медиуми.Како што јави дописникот на МИА од Атина, Грците во САД подолго време водат кампања за повлекување на одлуката на американската администрација од ноември 2004 година со која го призна уставното име на Република Македонија.
Организацијата на Грците во Америка, „Пан-Македонска асоцијација“ во април годинава поднесе петиција до администрацијата на Обама со која бара „да се повлече Извршната наредба од страна на администрацијата на Буш од 2004 година, со која земјата ‘ПЈРМ’ ја признава како ‘Република Македонија’”.
Веднаш потоа, грчкиот весник „Контра Њуз“ напиша дека претставници на грчката дијаспора се сретнале со медијаторот, при што „Нимиц ја призна грешката на Џорџ Буш, а и високи претставници на американската политиката денес го признаваат погрешниот чекор од 2004, правдајќи се дека биле под илузија дека ќе го олеснат постигнувањето договор меѓу двете држави“.
За последната средба меѓу американските Грци и Нимиц, не се соопштуваат други детали, освен дека е дел од „кампањата на Грците во Америка за повлекување на погрешната одлука на Владата на САД од 2004 година за привремено признавање на Скопје под името ‘Македонија’ која продолжува на повеќе нивоа“.
И грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, за време на престојот во Њујорк, минатата недела се сретна со претставници на грчката дијаспора кои го информирале за текот на нивната кампања во врска со името на Македонија. Коѕиас исто така имаше и средба со медијаторот Метју Нимиц, за која досега не се соопштени никакви детали.Како што јави дописникот на МИА од Атина, Грците во САД подолго време водат кампања за повлекување на одлуката на американската администрација од н

Пронајдете не на следниве мрежи: