Оваа префинета торта со арома на бадеми и портокали и богат чоколаден крем, е вистинско уживање за љубителите на чоколадо. Во посебни прилики, послужете ја со додаток од чоколаден ликер или кафе.Состојки:
За тесто: 5 јајца, 200 г мелени бадеми, 80 г маргарин, 80 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 2 лажици прашок за пециво, 2 лажици сок од портокал, 200 г цоколадо.
За крем: 250 мл слатка павлака, 250 г чоколадо.
За чоколадна глазура: 200 г чоколадо за готвење, 100 г маргарин.
Подготовка:
1. Измешајте ги шеќерот, ванилиниот шеќер и маргаринот.
2. Додадете жолчки од јајца, бадеми, прашок за пециво, сок од портокал и растопено чоколадо. На крај вмешајте ги белките од јајцата.
3. Смесата ставете ја во калап обложен со хартија за печење, претходно намачкана со маргарин и печете 50 минути на температура од 180 степени.
4. За кремата, загрејте ја павлаката и прелијте ја преку исецканата чоколада. Мешајте дур не добиете мазна смеса. Оставете да се излади.
5. Изладената смеса исмешајте ја со миксер дур не се удвои волуменот.
6. Исшечениот бисквит исечете го и намачкајте го со кремот.
7. Прелијте со чоколадната глазура на крај.Состојки:
За тесто: 5 јајца, 200 г мелени бадеми, 80 г маргарин, 80 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 2 лажици пр