Превкусни посни крофни

Подгответе посни пржени крофни!Состојки:
250ml млака вода
Пакетче свеж квасец
800g брашно
½ маргарин
3 лажици шеќер
Подготовка:
Во млаката вода ставете 1 лажичка шеќер со квасецот и 1 лажица брашно. Оставете да нарасне.
Соединете го маргаринот со шеќерот, а потоа додајте ја водата со нараснатиот квасец и замесете тесто.
Оставете тестото да нарасне неколку минути, а потоа растегнете го. Со калапи за крофни или со шолја извадете кругови.
Наполнете едно тенџере со масло, затоа што крофните мора да пливаат додека се пржат. Во маслото спуштете неколку крофни и пржете додека не заруменат.
Кога се готови, исцедете ги на една платнена крпа, проросете со шеќер и наполнете ги по желба.
Служете ги додека се топли.Состојки:
250ml млака вода
Пакетче свеж квасец
800g брашно
½ маргарин
3 лажици шеќе

Пронајдете не на следниве мрежи: